Македонија
Од скопските општини најмногу заболени има во Карпош
Во Скопје најголем број заболени со коронавирус се пријавени во десет општини, од кои најмногу во Карпош – 27, потоа во Гази Баба, Кисела Вода и Центар по 20, Ѓорче Петров -11, Аеродром – 8, Сопиште – 7, Бутел – 4, Чаир – 3 и Илинден – 2, информираат од Институтот за јавно здравје.
До вчера пријавени се вкупно 219 случаи на Ковид-19 во десет градови во државата – Скопје – 134, Дебар – 43, Куманово – 17, Штип – 8, Прилеп – 6, Велес – 3, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Тетово – 2 и Гостивар – 1.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 154,9 заболени на 100.000 жители, а во Скопје инциденцата е 21,7 на 100.00 жители, додека во Штип инциденцата на 100.000 жители е 15,2.
Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале
Во 14 часот е пријавено дека на избирачко место во Штип М.Ш. (23) го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Г.Ј. (34) од с. Тработивиште затоа што го фотографирал гласачкото ливче. Според полицијата по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
„Во 15.30 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 1680 во с. Сопот Р.А. од с. Сопот го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.40 часот е пријавено дека на избирачко место бр. 2880 во Скопје Р.Х. (72) го скинал гласачкото ливче. Р.Х. е приведен и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Во 15.50 часот е пријавено дека во избирачкото место бр.2783 во Скопје Б. С. (48) го скинала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.