Македонија
Од 416.614 вакцинирани со две дози, од коронавирус заболеле 167 лица
Министерството за здравство (МЗ) информира дека заклучно со 5 август, од 416.614 лица вакцинирани со две дози вакцина против Ковид-19, 167 лица се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина, а само 11 од нив биле хоспитализирани.
„Ова е показател дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал, што потврдува дека вакцината е корисна, односно е единствениот начин да се смени сликата зa пандемијата“, велат од МЗ.
Според последната анализа, во период од 1 до 31 јули регистрирани се вкупно 809 случаи, од нив 82 лица се заразиле по поминати повеќе од 14 дена по вакцинацијата со втората доза.
Според Министерството, ова укажува на фактот дека вакцината е ефикасна само кога се примени две дози и кога од примената втора доза има поминато повеќе од 14 дена.
Само 10 % од сите активни случаи во јули се заразиле од коронавирус по примена втора доза. Помеѓу позитивните има имунизирани со вакцините на „Синофарм“, „Астра зенека“, „Фајзер“, со вакцината „спутник В“, а меѓу нив има и заразени што во странство ја примиле вакцината на „Модерна“.
„Министерството за здравство апелира дека во овој период важно е граѓаните да покажат што поголем интерес за вакцинација и да се вакцинираат бидејќи само со колективен имунитет може да се спречи мутирањето на вирусот Сарс-Ков 2 и неговото рапидно ширење“, се наведува во соопштението.
Од Министерството наведуваат дека во нашата земја сѐ уште е доминантна британската варијанта на вирусот, но со оглед на брзото ширење на делта-сојот како во светот така и во регионот, многу бргу тој може да се прошири и кај нас.
Досега во земјата се детектирани 30-ина случаи на делта-варијантата.
„Во државата има доволно вакцини, а сега на најбрз начин може да се дојде до термин за вакцинација. Во моментот за прва доза имаме 80.000 на ‘Синовак’, 50.000 на ‘Aстра зенека’ и 70.000 на ‘Фајзер’“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.