Македонија
Општина Аеродром продолжува со инвестициите во образовната и спортската инфраструктура
Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Острово по многу години ќе добие соодветни модерни и современи услови за настава, релаксација, спорт и рекреација на учениците.
Со оваа инвестиција на општина Аеродром и со голема поддршка на општествено-одговорна компанија, ,,Браќа Миладиновци” ја почнува постапката за целосна обнова, со што ќе биде направена првата училница на отворено во Аеродром, реконструкција на спортското игралиште во училишниот двор, чекори кон обезбедување нова фасада, како и модерно и современо надворешно уредување за релаксација и едукација на учениците.
Новиот атриум ќе се наоѓа во задниот дел на училишната зграда, а во иднина ќе се користи како летна училница за сите ученици, со што ќе добијат нов уникатен начин на поминување на наставата во релаксирана средина. Сето ова насочување кон воведување нова практика и поинакви услови од постојните, цели кон исполнување на современите европски стандарди, каде што убавото време во училиштата секогаш се користи за учење и рекреација.
Инвестициите во најмладите остануваат наш приоритет и учениците од сите основни училишта во иднина ќе ги добијат сите соодветни услови за современо, модерно и квалитетно образование, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ
„Мицкоски и ДПМНЕ немаат план, ниту визија за иднината, кристално е јасно дека со нив нема членство во ЕУ.
Мицкоски и ДПМНЕ како иднина, на граѓаните им нудат враќање во минатото, во изолација, режим, неизвесност.
Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии, сакаат да живеат во европска Македонија.
Затоа, на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Димитар Ковачевски“.
Соопштение на СДСМ
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија
„СДС ја фрли Македонија во хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност ги тиштат граѓаните.
Корупцијата е распространета во секоја пора на општеството. Во Македонија со СДС услугите кои треба да ги пружи државата на граѓанинот станаа мисловна именка. Лотариска среќа е ако може некој да извади пасош и лични документи, пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде, не само младите туку и сѐ повозрасни размислуваат да ја напуштат земјата не гледајќи веќе ниту систем, ниту ред, СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали, се срамиме од нивните недостоинствени настапи низ светот, иднината и подобриот живот се далечен.
На врвот на листите на корупција, мизерија и немаштија сме. За 7 години колку што се на власт СДС и ДУИ ја презадолжија државата, го урнисаа системот и криминалот го направија столб на своето функционирање.
Ова не е Македонија што народот ја сака и ја заслужува. Овие избори се последна шанса за спас. Шанса во која може да се верува, избор во кој мора сите граѓани да учевствуваат. Македонија е едноставно одземена. Но, промените се можни и се на дофат.
Промените се во твои раце! Македонија повторно ќе биде твоја!“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
СДСМ: На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината, нема откажување
На овие избори одлучуваме за европска иднина на татковината. Граѓаните сакаат европски стандарди дома, сакаат развиена држава со подобри услови за живот.
На граѓаните им е доста од делби и поделби, не сакаат враќање назад во изолација и незивесност, сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард, велат од СДСМ.
„СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат конкретен план, волја и знаење, за исполнување на стратешката цел – членство на ЕУ.
Членство во ЕУ, не заради остварување на европски сон, туку заради европски животен стандард, поголеми плати, пензии, подобро здравство, образование, правда. Само со членство во ЕУ се можно суштински и темелни промени во македонското општество“, се додава во нивното соопштение.
Затоа, како што додаваат не смееме да се откажеме. Оценуваат дека патот до ЕУ е тежок но тој е вистинскиот и дека нема откажување од иднината.