Македонија
Општина Карпош почна со е-настава преку „Гугл драјв“
Општина Карпош иницира е-настава преку „Гугл драјв“. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, рече дека имале обука со 10 училишта и дека од вчера е почната настава за ученици од 9. одделение во општина Карпош.
„Професорите поставуваат лекции по 8 предмети, презентации, квизови и тестови. Преку овој тип на настава целта е да се надомести изгубеното од наставата. Имав средби во Министерство за образование и во Бирото за образование, кои дадоа согласност за овој вид настава. Ги повикувам родителите да ги охрабрат учениците да се влчучат и да учат по електронски пат. Ова не е распуст, затоа треба да бидеме одговорни, да ги почитуваме препораките да останеме дома, но не и да бидеме надвор од образовниот процес. Имаме алтернативен начин и можеме да го искористиме“, рече Богоев.
Тој истакна дека е задоволен од огромното мнозинство, кое се согласило да пристапат кон реализирање на оваа задача.
„Нема причина зошто некој од наставниците не би прифитил ваков начин на настава. Нема никаков контакт, сè оди електронски. Како што почна вчера, под притисок на родителите ќе се вклучат и други наставници кога ќе слушнат за бенефитот од електронската настава. Сепак, ќе кажам, ова е неформална настава, но ова е можност овој период да го поминеме на креативен начин“, додаде Богоев.
А во однос на 7-те деца што се во самоизолација, Богоев рече дека се стабилни, дека нема информација дали некој од нив развил симптоми, но периодот од 14 дена истекува набргу и тој се надева дека сè ќе биде во најдобар ред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот.
Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.
Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.