Македонија
Османи во Барселона, се гласа за членство на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана на заменик-премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан Ајман Сафади, министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес и високиот претставник и потпретседател на Европската комисија Жозеф Борел, учествува на Седмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот што се одржува во Барселона, Шпанија.
На предметниот состанок на министрите за надворешни работи од 42 земји членки на Унијата за Медитеранот, Османи ќе присуствува на свечениот чин на пристапување на Република Северна Македонија во Унијата за Медитеранот и последователно ќе земе активно учество како претставник на новата земја членка.
На маргините на Форумот министерот за надворешни работи Османи ќе се сретне со домаќинот, министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес, а ќе оствари и други билатерални средби со свои колеги од земјите членки во Унијата на Медитеранот.
Унијата за Медитеранот, формирана на првиот и инаугуративен Самит на претседатели на држави на Евро – Медитеранот, одржан во Париз на 13 јули 2008 година, претставува рамка за уредување на мултилатералните односи помеѓу ЕУ и медитеранските земји кои не се дел од ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Пендаровски до Давкова: Нека ѝ служи на чест
На вечерашниот граѓански митинг во Кочани кандидатот за претседател Стево Пендаровски меѓу другото одговори и на прозивките од противкандидатката Гордана Силјановска-Давкова за негови наводни средби со криминалци и нарко-босови.
„Јас сум последниот човек во Македонија за кој можеш да помислиш дека се дружи со нарко босови. Но, знам некои од нејзиното најблиско опкружување кои се криминалци уште од раните 1990-ти и ако сега има ветинг, не би го поминале. Значи луѓе кои несразмерно се обогатиле, од кршење на санкциите на во тоа време од бивша Југославија, од раните 1990-ти, кога со фри шоповите на северна граница во еден ден се правеше промет од еден милион германски марки. Мојот имот е на показ, имам анкетен лист, нека проверат колку пари наводно ми префрлиле тие нарко босови. Но, повторувам во тој дел, споредба меѓу мене и неа, меѓу нејзините пајташи, другари што ја поддржуваат сега е невозможна. Значи станува збор за кандидатка која е предложена од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Да ве потсетам, еден од првите случаи што Специјалното јавно обвинителство, СЈО, го отвори, беше не само за поединци од таа партија, туку и за партијата како таква во целост и поради тоа тие до ден денес имаат блокирана жиро сметка. Значи криминална организација ја кандидира госпоѓата, а таа мене ме обвинува дека сум бил другар со нарко-босови. Нека ѝ служи на чест“ посочи Пендаровски.
Пендаровски истакна дека потребен е целосен ветинг на политичарите, но особено на судиите и обвинителите и тоа треба да се случи што е можно побрзо.
„Да не постои таков сомнеж или генерална перцепција кај народот дека за 10 ќебапчиња или за 50 денари од наплатна рампа се оди во затвор, а за украдени милијарди се живее лагодно на некој од даночните рајеви, за да го избегнеме тоа, јас сум за ветинг, за проверка на секој од нас“ посочи Пендаровски.
Македонија
Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не’ не задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза
Вечерва претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска кампањата за претставување на својата програма ја продолжи со митинг во Велес. На митингот во Велес се обратија и претседателот на Левица и носител на листа на ИЕ1 Димитар Апасиев, како и носителот на листа на ИЕ3, Борислав Крмов.
„Голема возбуда е да се биде овде. Доаѓам од спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митин додека си разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа“, рече Ванковска.
На самиот почеток Ванковска истакна дека до сега била сама во кампањата, а од денес битката добива нов квалитет. „Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно. Она што нас не’ разликува од оние што трчаат на кратки патеки е тоа што ние трчаме маратон. Нас не’ не задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза“, истакна Ванковска.
Од говорницата во Велес, Ванковска кажа дека во овој град доаѓа само еден ден по нејзиниот главен ривал Гордана Силјановска.
„Нејзиниот настап вчера го проследив со внимание. За момент помислив дека на Силјановска треба да и понудиме членска карта на Левица. Се повикува на Рацин, на Денови, на аргатски маки големи…, што мислиш дека се завртила на другата страна. Кој кого фолира и кој се обидува да го заведе народот ќе видиме за скоро време. Како може да зборувате за социјална држава и социјална правда, а пред вас во првите редови да седат најбогатите. Таа зборува за најсиромашните, а не го гледа лидерот на својата партија кој и обезбеди над 300 илјади евра за кампања“, рече Ванковска.
Ванковска на митингот обелодени дека е закажана и дебата на претседателските кандидати за во недела на Македонската телевизија. Но, како што истакна дебатата ја прифатиле пет од седум претседателски кандидати. Двајцата кои не прифатиле се актуелниот претседател Стево Пендаровски и актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи.
„МРТ обезбеди соочување на кандифатите но нема да дојде врховниот командант на вооружените сили. Како можело таков кукавица да биде избран за врховен командант. Другиот што нема да дојде ќе бил во Сараево“, истакна Ванковска.
Посочи дека таа практично е единствена опозиција на оваа дебата. И како што кажа, таа и Левица бараат не реформа туку радикална промена на се’ постоечко.
„Ќе ви раскажам и една анегдота. Неодамна имав средба со еден претставник на ОБСЕ и тој во разговорот беше многу загрижен и уплашен особено од оној наш весник кој се вика (Р)еволуција. И ми вели, вие ќе кревате револуција, вашите ставови се многу радикални. Од неговите реакции јас заклучив дека тие веќе се уплашени од силата и големината на Левица. Да продолжиме да работиме и успехот е неизбежен. Ќе победиме“, истакна Ванковска.
Таа пред велешани ја претстави и својата програма. Ги повтори ставовите за раскинување на трите договори и упати пораки за сплотеност до конечна победа.
Македонија
(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница
Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница.
На прашање на граѓанин за односите со соседите, Пендаровски потсети дека иако денес се противи, Христијан Мицкоски пред извесно време на тогашниот бугарски премиер му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство.
„Тој веројатно заборава дека интернетот не заборава. Тој може да не лаже дека не го кажал тоа, меѓутоа тој на чист бугарски јазик му вели ште поткрепиме тој договор, ако јас лажам, повелете на интернет, проверете. Кога Мицкоски вели дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, не сака да каже една друга негова изјава, негов став и став на неговата политичка партија, дека тие се наследници на Ванчо Михајлов. Значи вели, шефот на историското ВМРО од тоа време и денешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ се во континуитет, значи тој се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов. А сите вие знаете дека Михајлов целиот свој живот се декларирал како Бугарин“, порача Пендаровски.
Пендаровски пред присутните порача дека добро е Македонија што побрзо да стане земја-членка на ЕУ, затоа што тоа ќе донесе повеќе пари за земјоделството, за инфраструктурни проекти, за европски стандарди со што ќе се стави крај на иселувањето на младите.
Кандидатот за претседател Пендаровски, ги повика граѓаните на 24 април и на 8 мај да го заокружат бројот еден, за да продолжи напредокот кон ЕУ.