Македонија
Османи: И со новата методологија влегуваме како фаворити во процесот на европски интеграции
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи по повод објавената нова методологија за преговори од страна на Европската комисија, денеска имаше обраќање пред претставниците на Националниот совет за европски интеграции при Собранието.
„Имам позитивен впечаток дека, по октомврискиот неуспех на ЕУ да оформи консензус за старт на преговорите, работите се придвижија во позитивна насока, со што се враќа европскиот кредибилитет во земјава и регионот. На предложената методологија гледаме како на позитивен исчекор, добра основа која им овозможува на земјите кои испорачуваат квалитетни реформи да добијат соодветна сатисфакција, но и соодветен реверзибилитет, доколку постои отсуство на волја за реформи. Ако искрено очекуваме процесот на преговори да претставува процес што ќе бележи опиплив, долгорочен и одржлив напредок за земјата, тогаш не треба да нè плаши, барем не како граѓани, можноста да се констатира уназадување, па дури и можноста за казни. Велам како граѓани, бидејќи за нас како политичари тоа значи поголем предизвик да обезбедиме видливи резултати со кои ќе мора да се одржува процесот во позитивна насока. Да бидам прецизен – методологијата е подобра за граѓаните, а посериозен предизвик за политичарите – но тоа, ќе се согласиме е добро“, истакна Османи во своето обраќање.
Тој ги образложи елементите на самата методологија, како и нивното значење и реперкусиите врз процесот на европските интеграции на земјава.
„А во овој процес не влегуваме од нула, туку со сериозни резултати остварени зад нас. Како институција имаме идентификувани над седум и пол илјади акти од европското законодавство (Acquis), од кои без малку две илјади и четиристотини, или 31% се веќе транспонирани во нашето законодавство“, истакна Османи, посочувајќи на степенот на усогласеност и според кластерите предвидени во новата методологија.
„На пример во првиот и најважен кластер – Фундаменти, имаме усогласеност со европското законодавство од 34%; додека на пример во третиот кластер – Компетитивност и инклузивен развој, како и во четвртиот кластер – Зелената агенда и одржлива поврзаност, усогласеноста надминува над половина и се движи од 51% до 56% усогласеност соодветно“, посочи Османи, прикажувајќи ги графички овие податоци.
Во продолжение, Османи говореше за очекувањата во претстојниот период, изразувајќи надеж дека земјите членки ќе успеат да го адресираат прашањето за старт на преговорите со земјава уште на самитот во март, со што мајскиот самит во Загреб, посветен на Западниот Балкан, навистина ќе претставува пресвртница за целиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрони на неколку патни правци
ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.
За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.
Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.
„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.
Македонија
Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука
Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.
Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, велат од МОН.
Од Министерството потсетуваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.
„Потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја“, додаваат од МОН.
Македонија
Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег
Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ беа извадени јајчник, бубрег и матка. Наредбата за супервештачење доаѓа откога судот доби целосно спротивни вештачења од Обвинителството и од одбраната. Вештачењето од Институтот за судска медицина, приложено од Обвинителството, посочи одговорност кај лекарите од струшката болница, а вештачењето нарачано од одбраната, кое го направи вештакот Драге Дабески, заклучи дека лекарите ѝ го спасиле животот на родилката.
„Со супервештачењето верувам дека, конечно,. вистината ќе излезе на виделина и правдата ќе биде задоволена. Вештакот на одбраната не најде лекарска грешка, ме убедува дека со вадење три органи по породувањето со царски рез, ми го спасиле животот иако вештачењето од Судска медицина покажа дека лекарите имаат вина. Јас здравјето не можам да си го вратам, органите ми се извадени и функционирам како половина човек, но очекувам супервештачењето на лекарите да им покаже дека има лекарска грешка и на пациентите да им порачам дека не треба да молчат, треба да се охрабрат и да се борат за вистината“, вели Вепоска за „Макфакс“.
Се пожали дека секое судење дополнително ја исцрпува, а извадените органи ја ограничуваат во мајчинството, во работата и во секојдневниот живот.
„Здравјето целосно ми е нарушено. Освен физички, имам и психички проблеми, се лекувам и од тоа. Особено тешко ги поднесувам судењата, ми треба време да закрепнам од нив. Работам со скратено работно време оти немам сила за осумчасовна работа. Како мајка не можам да им се посветам на децата онака како што треба оти постојано имам здравствени проблеми, еве сега тукушто ја испив терапијата“, рече Веапоска по денешното судење.
Судијата Јодран Јованов, кој го побара супервештачењето, е трет судија што го добива нејзиниот случај откога претхдните двајца се пензионираа. Следното рочиште е закажано за 3 јуни кога Вепоска очекува да биде готово и супервештачењето.
За извадените органи по породувањето со царски рез на Веапоска, обвинети за несовесно лекување се гинекологот Мухамед Асани, кој во 2020, кога беше направено породувањето, беше директор на болницата, син му Блертон Асани и докторката Лилјана Јовановска.