Македонија
Османи на средби со шефот на Мисијата на ОБСЕ и постојаниот претставник на УНДП
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На средбата биле разменети мислења за актуелните политички случувања, реформските процеси и европската перспектива на земјата, известуваат од кабинетот на Османи.
Тој се осврнал на значајната експертската поддршка што Мисијата ѝ ја дава на нашата земја во процесот на спроведувањето на реформите со цел усогласување на домашната легислатива со европските стандарди, особено во областа владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, изборните реформи.
Османи исто така информирал и за активностите што нашата земја ги презема во процесот на подготовка за претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година. Тој потенцирал дека Република Северна Македонија останува посветена земја учесничка на Организацијата, која има цел и понатаму конструктивно да придонесува во реализацијата на заедничките заложби на земјите учеснички и јакнење на мултилатерализмот.
Амбасадорот Која високо ја оцени соработката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје со Владата на Република Северна Македонија поздравувајќи ги напорите и досегашните постигнати резултати на Владата во спроведувањето на реформите со цел усогласување на нашата легислатива со стандардите на ЕУ, притоа нагласувајќи ја потребата од континуирана и конструктивна работа.
Министерот Османи оствари средба и со постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахакијан.
Притоа министерот Османи изразил благодарност за присуството на Канцеларијата на УНДП во Република Северна Македонија и за нејзиниот ангажман и иницијативи во повеќе области, како што се: економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, животната средина, климатските промени и во услови на здравствена криза и напорите за справување со ковид-пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: пет имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија ќе се одржат седмите претседателски избори, а до затворање на избирачките места во 19 часот, на сила е изборен молк.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Во четврток ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.