Македонија
Османи: Потребна ни е квалитетна реформска агенда
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, пред членовите на министерскиот совет ја презентираше драфт верзијата од Планот 18.
„Имавме одлична презентација на Планот 18 пред различни целни групи како што е Делегацијата на ЕУ, мисиите на ОБСЕ, граѓанскиот сектор, опозицијата, со што го продолжуваме принципот на инклузивност уште во фазата на негово создавање“, истaкна Османи на средбата, информирајќи за успешноста во овој процес при кој веќе пристигнуваат конструктивни сугестии и коментари кои заслужуваат сериозно да бидат земени предвид при финализацијата на Планот.
„Планот 18 мора да го надмине квалитетот и амбициите на Планот 3-6-9, и да ја задржи и засили рефромската агенда на Владата во периодот од одлуката за преговори, па сè до нејзиниот почеток, истакна Османи, упатувајќи на важноста од создавање квалитетен План кој ќе ги оправда очекувањата за квалитетни и суштински реформи, и довербата во реформскиот курс на владата, како на домашната, така и на меѓународната јавност.
Во тој контекст, Османи информираше дека во текот на наредната недела очекува серија активности во насока на усогласување со забелшките на Планот кои во овој период пристигнуваат од сите заинтересирани страни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб, мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.