Македонија
Османи: Потребно е да сториме сѐ за да ги заштитиме трговските односи меѓу Македонија и ЕУ
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши, во рамките на дводневната работна посета на Брисел оствари средба со комесарката за трговија, Сесилија Малстром.
Главна тема на средбата беа трговските односи меѓу Република Македонија и Европската Унија, вклучително и новите предизвици во глобалните трговски односи. Познато е дека како резултат на успешната имплементација на спогодбата за стабилизација и асоцијација, трговските односи меѓу Македонија и ЕУ се на многу високо ниво и трговската размена на земјата е силно ЕУ-ориентирана.
На состанокот се отвори и темата за трговијата со челик и во тој контекст Османи истакна дека индустријата за челик претставува еден од столбовите на нашата економија и евентуалните реперкусии од оваа криза на нашите билатерални трговски односи би можеле да имаат последици и врз севкупниот економски развој на земјата. Османи и Бектеши изразија надеж дека Унијата ќе ги има предвид сите овие елементи и во согласност со духот на спогодбата за стабилизација и асоцијација, евентуалните мерки за заштита на европската економија ќе бидат во согласност и со веќе воспоставените децениски односи помеѓу Македонија и ЕУ.
„Имаме искрена благодарност за огромните напори и инвестиции што ги вложува Европската Унија за трансформација и усогласување на економијата на Република Македонија со онаа на Унијата и со оглед на позитивниот развој на интегративните процеси во земјата очекувам оваа соработка да се продлабочи“, истакна Османи цитирајќи го притоа извештајот на Европската комисија, во кој, според економските критериуми, Македонија доби највисока оценка за усогласеност со економијата на Унијата во споредба со другите земји од Западен Балкан.
Средбата на Османи и Бектеши со еврокомесарката за трговија, Сесилија Малстром, се одржува во рамките на официјалната работна посета на Брисел, каде што Османи оствари средба и со потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, како и со многу други високи претставници на европската администрација.
На агендата на Османи во рамките на работната посета на Брисел следува и обраќање за европските интеграции на Македонија пред дипломатските претставници, како и претставниците на граѓанскиот сектор во Брисел во организација на фондација „Ханс Зајдл“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.