Македонија
Османи: Суштински закони ги пробиваат роковите поради блокадата на Собранието
Се интензивира донесувањето на реформските решенија во пресрет на априлскиот извештај на Европската комисија. Ваков е заклучокот од денешното заседавање на министерската работна група за спроведување на планот 3-6-9, со која претседаваше претседателот на Владата, Зоран Заев. Владината прес-служба соопшти дека за време на состанокот вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, кој истовремено е задолжен и за следење на имплементацијата на планот 3-6-9, информирал дека реализацијата на предвидените законски решенија и мерки се одвива според предвидената динамика, но и дека некои од суштинските реформски закони и мерки се соочуваат со пробивање на роковите заради блокадите во работата на Собранието, посебно во делот на законите за кои е потребно двотретинско мнозинство.
Од работата на денешната седница призлегле препораки што на надлежните министерства им налагаат да ги интензивираат завршните активности за имплементација на предвидените закони и мерки со запазување на роковите во однос на априлскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во реализацијата на планот 3-6-9, како и заклучокот да продолжат средбите на работните групи со опозицијата за обезбедување амбиент за заедничко учество во донесувањето на реформските законски решенија.
На седницата бил донесен и заклучок со кој се задолжуваат надлежните министерства да ја почнат подготовката на предлозите за новиот пакет-реформски законски решенија и мерки што ќе треба да се реализираат до крајот на годината. Денешниот состанок на министерската работна група за следење на спроведувањето на планот 3-6-9 е дел од механизмот што го воспостави Владата преку кој редовно се следи имплементацијата на планот.
За текот на имплементацијата соодветно се информираат Собранието, Европската комисија и земјите членки на ЕУ, како и граѓанското општество, експертската и пошироката јавност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.