Македонија
Осум починати, регистрирани 82 нови случаја на Ковид-19
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаја на Ковид-19: Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.
Регистрирани сe 265 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 128, Битола – 34, Крива Паланка – 14, Прилеп – 12, Валандово и Крушево – по 9, Ресен – 7, Кавадарци и Делчево – по 6, Велес, Куманово, Тетово и Штип – по 5, Неготино, Кочани и Радовиш – по 3, Гевгелија, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Кратово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 од Скопје (56, 80 и 86) и по едно од Прилеп (72), Битола (55), Валандово (71), Македонски Брод (66) и Кичево (61). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Направени се 1.211 теста се преку: ИЈЗ – 66, ЦЈЗ Скопје – 31, ЦЈЗ Битола – 0, ЦЈЗ Прилеп – 0, ЦЈЗ Тетово – 0, ЦЈЗ Куманово – 4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 65, „Авицена“ – 69, „Биотек“ – 84, „Систина“ – 59, лабораторија „Лаор“ – 0, „Синлаб“ – 0, „Ремедика“ – 0, „Плодност“ – 0, „Генеа“ – 0, „Никоб лаб“ – 206, „ВФВ медикал“ – 19, „Ели медика“ – 9, „Ројал медика“ – 0, „Спектра-ММ“ – 0, „Рапид лаб“ – 0, „Жан Митрев Струмица“ – 0, „Нова лаб дијагностика“ – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 598.
Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на кови-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539.
Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 96.133, Активни 2.714
Куманово 13.005, Активни 170
Тетово 11.374, Активни 85
Прилеп 10.464, Активни 336
Битола 8.960, Активни 457
Гостивар 8.081, Активни 21
Велес 7.398, Активни 171
Кавадарци 7.190, Активни 251
Штип 6.655, Активни 99
Охрид 6.603, Активни 222
Струмица 6.185, Активни 122
Кичево 4.255, Активни 57
Кочани 4.061, Активни 100
Струга 3.915, Активни 29
Гевгелија 2.840, Активни 80
Неготино 2.594, Активни 45
Свети Николе 2.135, Активни 41
Крива Паланка 1.920, Активни 56
Ресен 1.776, Активни 54
Радовиш 1.770, Активни 60
Берово 1.470, Активни 42
Дебар 1.456, Активни 0
Делчево 1.440, Активни 82
Виница 1.164, Активни 15
Пробиштип 1.130, Активни 23
Валандово 968, Активни 33
Кратово 782, Активни 23
Богданци 657, Активни 26
Демир Хисар 624, Активни 47
Крушево 597, Активни 23
Македонски Брод 512, Активни 15
Демир Капија 426, Активни 2
Македонска Каменица 423, Активни 24
Пехчево 355, Активни 7
Дојран 172, Активни 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Економскиот факултет – Скопје и Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје
Денес во просториите на Економскиот факултет – Скопје, деканот проф. д-р Предраг Трпески одржа состанок со г-дин Александар Манев-генерален директор на Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје и со претставници од истата институција.
Во рамки на остварената средба, се одвиваше плодна дискусија во насока на унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции како и обезбедување достапност на професионална размена на искуства заради остварување на заеднички цели. Во таа насока, состанокот се заокружи со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу двете страни со кој се официјализираше соработоката помеѓу Економскиот факултет – Скопје и Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје.
Со ова, двете институции се согласија да соработуваат во реализација на широк спектар на активности и иницијативи од взаемен интерес за едукација и подобрување на знаењето и стручноста преку најразлични активности и проекти од взаемен и општествен интерес, реализирање на практична настава за студентите од Факултетот, презентирање на практични проблеми, решенија, предизвици и можности за студентите на Факултетот, организирање работилници и конференции, и други активности.
За време на посетата, генералниот директор, г-дин Александар Манев и останатите претставници, во придружба на деканот и продеканите на Економскиот факултет – Скопје, ги разгледаа капацитетите со кои располага Економскиот факултет – Скопје.
ПР
Македонија
Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на матичниот лекар во скопска Железара, кој беше најден со девет убодни рани.
„Во согласност со моите информации приведено е уште едно лице. Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во текот на доцните часови. Се продолжува со други истражни дејства сè со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Штом имаме дополнителни нови информации, јавноста ќе биде дополнително известена“, рече Тошковски.
Тој не сакаше да ги коментира обвинувањата од СДСМ дека откога е дојден на местото министер за внатрешни работи, работите не одат на подобро.
„Вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор затоа што се несериозни изјави. Тотално не би ги коментирал“, рече Тошковски и додаде дека македонскиот народ се смее на она што се обидуваат да го тераат како приказна и повика да завршат ваквите паушални обвинувања.
Македонија
Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, за декларацијата на Собранието по повод четири години од членството во НАТО истакна дека Нато не носи демократија.
Нато, според него, е кршач на меѓународното право и повелбата на Обединетите Нации.
„Без дозвола на Совет за безбедност НАТО ја нападна Југославија во 1999 година, ја нападна Либија, го нападна Ирак и редици други држави.
Последниот пункт е дека народот сакал во НАТО. Не е точно. Не е испочитуван член 120 од уставот кој што вели: Одлуката за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави е усвоена ако на референдум за неа гласало мнозинство од вкупниот број на избирачи. Референдумот во 2018 беше неуспешен и немаше цензус и оттука уставниот услов за да влеземе во НАТО не е испочитуван, што значи противуставно и против волјата на народот сме влезени во НАТО”, додава Апасиев.