Македонија
Отворен ден – средба со директорот на Царинската управа
Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, денеска во Царинска управа одржал средба со учесниците во царинската постапка – увозници, извозници, застапници, шпедитери, производители и транспортери.
Како што соопштија од одделението за соработка со директорот, на средбата на која присуствувале голем број претставници на економски оператори се обратил Танасоски, кој во своето обраќање ги истакнал постигнатите резултати во изминатата година и ги запознал присутните со новините во царинското работење, кои ќе почнат да се применуваат од јануари, како што се новиот електронски систем за обработка на царински и акцизни документи, овластениот економски оператор и новите царински прописи.
„Директорот ја истакна важноста на ваквите настани и посочи дека соработката со деловната заедница е клучен фактор за градење доверба, промовирање на доброто владеење и забрзувањето и поедноставувањето на царинските постапки. За време на средбата присутните претставници на економските оператори имаа можност да ги истакнат предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење, а дадоа и предлози како заедно најповолно да се создаде конкурентен економски амбиент“, велат од Царинската управа.
Оттаму најавија дека средби од ваков вид ќе продолжат да се одржуваат во иднина и Царинската управа ќе остане посветена на својот пат за подобрување на деловното опкружување и создавање еднакви можности за економски раст и развој на сите учесници во економските процеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.