Македонија
Отворен првиот велоштад во Скопје
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, го отворија првиот плоштад за велосипеди во Скопје – велоштад, кој произлезе како резултат на спроведената ревизија на велосипедски политики што Град Скопје ја спроведе со целосна поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).
„Имам големо задоволство да го отвориме првиот велоштад – плоштад за велосипеди во нашиот град, овде кај железничката станица, локација што заедно со ‘Скопје лаб’ од 11 понудени ја избраа токму велосипедистите. Овде отвораме првпат место, каде што велосипедите ќе бидат безбедни и ќе може велосипедистите да ги остават тука и да продолжат да користат јавен транспорт или воз и да може безбедно да се вратат со велосипед, со што овозможуваме комбинирање на урбаното движење во нашиот град. Овој прекрасен мурал зад нас е изработен со целосна поддршка на Канцеларијата на делегацијата на ЕУ во РСМ и токму заради тоа амбасадорот Дејвид Гер е денеска тука со нас на пуштањето во употреба на овој нов функционален простор за скопските велосипедисти. Сервисната станица, која е поставена тука, ја добивме од нашите долгогодишни велопартнери од Стопанска банка“, рече Шилегов.
Тој додаде дека ова е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики, со кои им се им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар, од каде што ќе може да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП „Скопје“.
Велоштадот, покрај држачите за безбеден паркинг на велосипеди и сервисна станица за велосипеди, опфаќа и гардеробер за брзо пресоблекување, кабини за долготрајно паркирање на велосипедите, фонтана за вода за пиење и соодветна урбана опрема, која дополнително го хуманизира овој простор.
Преку своите јавни претпријатија Град Скопје се вклучи и во дополнително уредување на овој простор за да се добие една функционална целина, која ќе биде и естетски убава и доволно привлечна за граѓаните за тие да го минуваат своето време тука.
Град Скопје и понатаму посветено да ја гради својата мрежа на велопатеки, во континуитет се поставуваат паркиралишта за велосипеди на разни локации во градот и продолжува да вложува во одржливата урбана мобилност и на тој начин се грижи за животната средина во нашиот град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.