Контакт

Македонија

Охрид очекува нов градоначалник во април заедно со претседателските избори

Објавено пред

Вработените во Општина Охрид очекуваат нов градоначалник да добијат заедно со претседателските избори во април в година. Делегација од Општина Охрид денес ја почна процедурата, која треба да доведе до нови локални избори.

dobivaj vesti na viber

„Лично на рака, денес, делегацијата од Охрид, ќе го достави известувањето за смртта на градоначалникот и новата состојба во Општината во Министерството за локална самоуправа. Известувањето се носи на рака за да ги скратиме роковите, законски се предвидени 15 дена, но ние тоа ќе го направиме денес за да можеме што побргу да избереме вршител на должноста градоначалник кој ќе биде овластен потписник. Заменик-градоначалникот нема овластување, па во моментот нема кој да потпише ниту плата за вработените“, велат од Општина Охрид.

Тие се свесни дека најмалку еден месец ќе им доцни платата и покрај напорите да ги скратат роковите. Законот за локалната самоуправа предвидува, кога ќе го добие известувањето, Министерството за локална самоуправа во рок од 15 дена да достави известување до Владата, која во рок од 30 дена од приемот на известувањето треба да констатира дека мандатот на градоначалникот престанал и истовремено да иницира постапка за распишување нови избори.

Од денот на објавување на одлуката на Владата, Советот на Општина Охрид во рок од 30 дена треба да избере еден од членовите на Советот што ќе ја врши должноста градоначалник за периодот до изборот на нов градоначалник. Тој ќе биде овластен потписник.

Од Охрид велат дека се согласни за вршител на должноста да го предложат сегашниот заменик-градоначалник Константин Георгиевски и очекуваат изборот да се биде веднаш по новогодишните празници бидејќи во разговори со претставници од Владата добиле ветување дека нема да се чекаат максимално предвидените законски рокови, туку ќе се настојува процедурата да заврши побргу.

„Владата ќе направи сè што е во рамките на својата можност за да не бидат доведени во неповолна состојба вработените во Општина Охрид. Законските процедури предвидуваат рок од шест месеци, сега треба да се констатира состојбата формално-правно од страна на Министерството за локална самоуправа, потоа Владата да го информира Собранието и Собранието во координација со ДИК да го почне процесот за нови избори во Охрид. Не би можел во моментот да прецизирам конкретен рок, но ова е постапката“, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Од Министерството за локална самоуправа најавија дека известувањето веднаш ќе го испратат во Владата и ќе бараат тоа да се најде на дневен ред на следната владина седница.

„Министерството за локална самоуправа ќе постапи во законскиот рок веднаш по добивањето и на формалното известување од Општина Охрид со цел да се обезбедат законските услови за нормално извршување на функциите на Општината“, велат од Министерството за локална самоуправа.

Освен за општина Охрид, процедура за нови градоначалнички избори е почната и за Ново Село и Дебар. Ново Село остана без градоначалник бидејќи Боро Стојчев, осуден на шестмесечна затворска казна за шверц на цигари, си поднесе оставка на почетокот на октомври. Без градоначалник е и општина Дебар по смртта на градоначалникот Ружди Љата.

„За општините Ново Село и Дебар од страна на Министерството за локална самоуправа е почната постапката за констатирање престанок на мандатот на градоначалникот по сила на законот, што значи дека Владата е известена во законски утврдениот рок дека настапил еден од случаите наведени во Законот за локалната самоуправа, чл. 54, став 1, врз основа на што Владата констатирала престанок на мандатот и се почнати другите законски дејства, со цел да се создадат услови за распишување нови избори за градоначалник на овие општини. Одлуките на Владата, со кои се констатира престанок на мандатот на градоначалниците во овие две општини, се објавени во ‘Службен весник на РМ’ од 4 декември“, велат од Министерството за локална самоуправа.

Во Државната изборна комисија сè уште не се размислува дали изборите за градоначалници ќе бидат заедно со претседателските избори.

„Претседателот на Собранието треба да донесе одлука за распишување избори за градоначалник, па тогаш да почнат сите дејства“, изјавија од Државната изборна комисија за „Макфакс“.

Македонија

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Објавено пред

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.

dobivaj vesti na viber

Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.

Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.

Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.

Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.

Прикажи повеќе...

Скопје

Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.

dobivaj vesti na viber

· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);

· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);

· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);

· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);

· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);

· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Време денес повремено со пороен дожд и грмежи, температурата ќе достигне 14 степени

Објавено пред

Вренето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (и над 20 л/м²) и поројни, проследени со грмежи особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено пороен и проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени, јавува УХМР.

Ветерот долж Повардарието ќе продолжи да засилува и во среда. Во среда и четврток ќе има локална појава на повремено пороен дожд и услови за грмежи. Потоа следи период на претежно стабилно и постепено потопло време.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија12 минути

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет26 минути

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија14 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија15 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија16 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија17 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија19 часа

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија20 часа

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија21 час

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија21 час

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија21 час

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија22 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа22 часа

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа23 часа

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...

Свет1 ден

Нетанјаху планира да го нападне Рафа: „Ќе му нанесеме нови тешки удари на Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им вети на Израелците дека ќе го засили „воениот притисок“ врз Хамас „во наредните денови“,...

Европа1 ден

(Видео) Украина: Погодивме руски спасувачки брод на Крим

Војската на Украина вчера соопшти дека погодила и оштетила еден од најстарите руски спасувачки бродови во Севастопол, базата на руската...

Свет1 ден

Пет ракети лансирани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Пет ракети биле истрелани вчера од ирачкиот град Зумар кон базата на американската армија во североисточна Сирија, соопштија два ирачки...

Свет1 ден

(Видео) На Шри Ланка автомобил влета во гледачите за време на трка, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа, а 21 се повредени кога автомобил влета во гледачи за време на автомото трка организирана од...