Македонија
Парични награди за најдобрите матуранти во Прилеп
Марија Спиркоска од СОУ „Орде Чопела“, Христијан Ржаникоски од гимназија „Мирче Ацев“, Марија Цветаноска од СОУ „Кузман Јосифоски- Питу“, Давид Лазароски од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и Марина Талеска од СОУ „Ѓорче Петров“, се 5- те најдобри прилепски матуранти од учебната 2017/2018 година. Градоначалникот Илија Јованоски денеска ги прими во својот кабинет и им додели парична награда од по 6.000 денари. Во таа прилика, градоначалникот Јованоски истакна дека првенците на генерацијата градат успешна иднина и достигнуваат видни резултати на патот на својот професионален развој.
„Денес, во мојот кабинет беа присутни најдобрите матуранти и се надевам дека сите ќе се запишат на соодветниот факултет каде што сакаат. По тој повод, Општина Прилеп им доделува вредносен ваучер од 6.000 денари, како награда за успешниот ангажман во изминативе четири години“, истакна градоначалникот Јованоски.
„Голема е честа да се биде првенец на генерација во гимназијата „Мирче Ацев“, а денешниот прием е голем гест од страна на градоначалникот. Ова претставува мотив да работиме и во иднина“, посочи Христијан Ржаникоски, најдобриот матурант од гимназијата „Мирче Ацев“.
„Задоволство е да се биде првенец на генерација. Голема благодарност до градоначалникот Илија Јованоски за укажаната чест. Моите идни планови се да да се запишам на Природно-математичкиот факултет“, истакна Марија Спиркоска од СОУ „Орде Чопела“. Покрај паричната награда за најуспешните матуранти, градоначалникот Јованоски посочи дека за најдобрите ученици од сите основни училишта во градот и населените места, Општина Прилеп ќе организира еднодневна екскурзија во Охрид, со цел учениците да се запознааат и со дел од нашето културно наследство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.