Македонија
Пендаровски: Негирањето на македонската нација стана секојдневие, очекуваме реакција од Софија
Претседателот Стево Пендаровски го осуди каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија, но и ставот на бугарскиот европратеник Александар Јорданов кој со погрдни зборови се обрати на Македонците, нарекувајќи ги “Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња”.
„Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на „Македонскиот културен клуб – Никола Јoнков Вапцаров“ во Благоевград, Република Бугарија. Вандализам и криминал од овој вид не се европски вредности и потребна е осуда, а се разбира и откривање и соодветни казни за сторителите на овој чин. Истовремено, изразувам жалење за инцидентите на македонската граница предизвикани од страна на група граѓани на Република Бугарија предводени од пратеници во нивниот Парламент. Изразувам жалење што не сведочиме и на осуда за нападите насочени кон македонските полицајци и кон македонските институции. На припадниците на полицијата и надлежните органи им честитам за достоинството и професионализмот при справувањето со агресивните вандали“, вели Пендаровски.
Според него, територијалните претензии и негирањето на Македонците станало секојдневие и очекува соодветна реакција од Софија.
„Исто така, сакам да се осврнам и на изјавата на поранешниот амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, а сегашен пратеник во Европскиот Парламент, Александар Јорданов, која содржи навреди и погрдни фрази за македонскиот народ, потполно недолични за еден дипломат и пратеник во Европскиот Парламент. Во овој случај сакам да додадам дека не станува збор само за отсуство на елементарна култура кај именуваниот, туку и за најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи. За жал, територијалните претензии и негирањето на македонската нација станаа секојдневие. За ваквите негаторски испади, очекуваме навремена и соодветна реакција на официјална Софија“, додава претседателот Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таравари: Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик
Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, во едно од своите ветувања на политичката платформа, јасно наведува дека ќе се погрижи навредливата дефиниција на албанскиот јазик како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 %од граѓани“ да се елиминира од Уставот.
„Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните„ и албанскиот јазик, во неговото писмо, да биде службен јазик на целата територија на државата на еднакво ниво со македонскиот јазик“.
Македонија
Ковачки: Во рамките на проектот „Злетовица“, изградба на шест мали и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово
Изминатите години се години кои се црно минато за нашата држава. Години кои ќе сакаме да ги заборавиме и никогаш повеќе да не ни се повторат. Години на тешки национални предавства, криминал и корупција од енормни размери, опасна економска катастрофа, јавен долг од 8,8 милијарди евра, најниски плати и пензии во Европа, а највисока инфлација во регионот и пошироко. СДС-ДУИ забегаа во секоја смисла на зборот, без никакви чувства, без никакви сопирачки, рече Драган Ковачки, носител на листата на пратеници во третата изборна единица од митингот во Кратово во рамките на предизборната кампања за парламентарни и претседателски избори.
Ковачки истакна дека иселувањето има земено загрижувачки размери, огромен дел од младите размислуваат за селење во странство и скоро да нема фамилија што нема свои блиски раселени по белиот свет, при што запраша каде се сега СДС да оставаат чевли пред Влада, како симбол за сите наши што се иселија.
„Устата им е полна со Европската Унија“, рече Ковачки и додаде, „ама во Европската Унија заминаа само тие што се иселија, сите останати сме тука во татковината, грчевито се бориме на парчето земја кое го населувале нашите татковци, дедовци и прадедовци и сакаме тука да останеме, да живееме нормално и да бидеме во друштво со европските народи“.
Ковачки посочи дека за тоа да се реализира треба работа, многу работа, многу напредок и љубов за сопствената земја за што ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и во иднина ќе работи за интересите на сите граѓани и на граѓаните од Кратово.
Пред присутните на народниот собир во Кратово, Ковачки наброја дел од проектите предвидени во предизборната програма „Платформа 1198“ кои ќе бидат реализирани во градот во наредниот четири годишен мандат.
„Во рамките на третата фаза од проектот „Злетовица“ – Предвидуваме изградба на шест мали хидроцентрали меѓу кои и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово;
Предвидуваме заживување на проектот „Плавица“ и отворање на Рудникот за бакар, злато и сребро;
Изградба на дом за стари лица во Кратово;
Реконструкција на детска градинка Царка Андреевска;
Реконструкција на градска сала;
Регулација на речно корито и изградба на колекторски систем за уредување на дел од Манцева река и дел од Кратовска река;
Реконструкција на патиштата до селата Близанци, Куново, Мушково и Нежилово до Каврак;
Изградба на мала пречистителна станица во село Приковци;
Реконструкција на зградата на поранешна Кристалограверница и многу други проекти кои што планираме да ги реализираме во Кратово“, рече Ковачки.
Македонија
Османи: Го институционализиравме достоинството на нашиот народ, но мисијата сè уште не е завршена
Форумот на жени и Форумот на млади на ДУИ, огранок Сарај, организираа отворена дебата со кандидатот за претседател Бујар Османи и кандидатите за пратеници од Европскиот фронт во ИЕ1 Блерим Беџети и Наим Бајрами.
Кандидатот за претседател Бујар Османи им вети на младите од Сарај дека како следен претседател ќе создаде држава во која без разлика на етничката припадност секој ќе има можност да ги оствари своите соништа.
Османи го опиша Европскиот фронт како идеја чие време е дојдено.
„Од исклучен народ сега сме народ кој го постигна првиот премиер Албанец. Го институционализиравме достоинството на нашиот народ. Почнавме да ги уриваме моноетничките тврдини: претседателот на Собранието, првиот премиер, но сè уште не сме завршиле, бидејќи сè уште имаме тврдина која за нас е забранета зона. Оваа мисија е света и не случајна. Затоа ве повикувам да ја одобрите“, рече Османи.
Кандидатите за пратеници Блерим Беџети и Наим Бајрами побараа од младите масовна поддршка за Бујар Османи и Европскиот фронт. Поканија на 24 април и на 8 мај да биде запечатена големата победа на Фронтот, со која ќе се заокружи последната мисија за етничка еднаквост и ќе се заокружи европскиот сон на младите во Северна Македонија.
Во текот на денешниот ден, караванот на Бујар Османи пристигна во Сарај и неговата околина, односно во селата Кондово, Бојане и Копаница.