Контакт

Македонија

Поддршка во борбата со рак на дојка – Сигурност во најпотребните животни моменти со „Халк осигурување“

Објавено пред

Секојдневно три од четири случаи се дијагностицираат со рак на дојка, повеќе од 250 жени заболуваат месечно, додека 90 од нив ја губат битката. Со овие статистики ракот на дојка претставува најчест облик на тумор кај жените. Периодот на ковид-пандемијата го отежна пристапот до медицинска услуга и до третман, а уште повеќе и до одложување на дијагностицирањето на заболувањата. Затоа, повеќе од кога и да било, потребни се, пред сè,  самопрегледите, превенцијата и раното детектирање на состојбите.

dobivaj vesti na viber

Во вакви вонредни состојби најмногу размислуваме на она кое е за нас највредно: семејството, родителите, децата, здравјето. Од тие причини „Халк осигурување“ креираше Доброволно приватно здравствено осигурување (ДПЗО) кое го адаптира во согласност со индивидуалните потреби на клиентите. Покрај обезбедувањето на најдобрите услови за своите клиенти, „Халк осигурување“ секогаш се труди да обезбеди квалитетна услуга и брза информација за своите осигуреници. Во овој случај, Ирена Младеновска-Анастасовски, помошник-директор на дирекцијата за продажба и продажна мрежа на „Халк осигурување“, разговараше со специјалист радиологот д-р Билјана Божиновска, сè со цел да се поттикнат превентивните прегледи.

  1. Зошто се важни превентивните и редовните прегледи на дојка кај жените и на колкав временски период треба да бидат?

Кај жените најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, според направени истражувања во периодот 2010-2017 година, е малигната неоплазма на дојка. Стапката на морталитет се движи од 30 жени во 2010 година до 27 жени во 2017 година на 100 000 жени.

Извор: Институт за јавно здравје.

Се смета дека секоја четврта жена која ќе добие некаков тип на малигном во телото, ќе го има токму малигномот на дојка.

Воедно знаеме дека со рана детекција на ракот на дојка се зголемува и можноста за негово излекување. Ова е основна причина за да се препорача преглед на дојките кај секоја жена, започнувајќи од 18-годишна возраст, еднаш годишно, со ехо. Над 40-годишна возраст се препорачува секоја втора година и мамографија, додека кај ризичната група на пациентки (стерилитет, хормонална терапија, пушење) секоја трета година и магнетна резонанца на дојки.

 

  1. Дали е потребно жените, покрај редовни преглeди на доктор, да прават самопреглед и кој е начинот?

Да! Многу е важно секоја жена да прави самопреглед на дојките и тоа од 7. до 10. ден, броејќи од првиот ден на менструалниото крвавење.

Вовлечени брадавици, секрет, изглед на кожата како кора од портокал се некои од знаците за кои треба да реагирате. Доколку палпирате некоја формација, без разлика на големината и дали е болна или не, исто така треба да се јавите на доктор. Важно е да се напомене дека не сите промени можат да се палпираат или да се видат и затоа е најсигурен прегледот од доктор.

  1. Кој е соодветниот лекарски третман на луѓето заболени од рак?

Планирањето на третманот кај лицата заболени од рак е секогаш резултат на добра соработка на соодветени доктори – онколог и хирург. Секој пациент е индивидуален, секој доктор прави сè што е во негова моќ за да обезбеди соодветен третман на пациентот.

Вербата во самите себеси кај пациентите и вербата во докторот се најдобриот третман за луѓето заболени од рак.

  1. Што покрива Доброволното приватно здравствено осигурување на „Халк осигурување“ АД Скопје поврзано со оваа болест?

Бројките на годишно ниво на заболени од рак на дојка фрапантно се зголемуваат од година во година и ова е навистина комплексна и чувствителна тема. Поддршката и сигурноста во верен партнер кој стои со вас во борбата е дополнителен поттик за „Халк осигурување“ да ја доработува полисата на своето Доброволно приватно здравствено осигурување. Полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување на „Халк осигурување“ АД Скопје, меѓу другото, има покритие на целокупниот процес на лекување на ракот на дојка и тоа од моментот на детекција и дијагностицирање, односно на: сите потребни дијагностички постапки, второ мислење, хируршка интервенција, како и хемотерапија. „Халк осигурување“ АД Скопје соработува со голем број  медицински установи, а сè со цел да им обезбеди на своите осигуреници најдобра и најбрза услуга. Ваш е изборот каде ќе го извршите лекувањето и третманот.

  1. Како компанија која се грижи за своите осигуреници, што друго овозможува вашиот продукт во врска со оваа болест?

За жал, бројките покажуваат дека сè почесто оваа болест се појавува, освен кај повозрасната женска популација, и кај помладата женска популација и реално сè повеќе влијае психолошки врз нив. За таа цел Доброволното приватно здравствено осигурување на „Халк Оосигурување“ АД Скопје во своето покритие има и покритие за психијатриски услуги во случај на дијагностицирано малигно заболување кое, на некој начин, би им помогнало на нашите осигуреници полесно да ја прифатат новонастанатата ситуација во која се наоѓаат.

  1. Соработката меѓу „Халк осигурување“ и „Оне хоспитал“ за корисниците на Доброволно приватно здраствено осигурување е секако некаков индикатор дека дала плод и дека сте постигнале резултати. Колку сте задоволни од оваа соработка, но и од фидбекот на јавноста?

Бидејќи во фокусот на двете компании е здравјето и грижата на корисниците и осигурениците, соработката меѓу „Халк осигурување“ АД Скопје и „Оне хоспитал“ е одлична. Желбата да се спаси живот, да се помогне и брзо да се реагира се адут на двете компании, а за тоа зборуваат и многубројните позитивни пораки кои ги добиваме.

Нашата порака е:

Не одложувајте! Ако се појават здравствени проблеми, посетете го вашиот лекар што побрзо.

Повеќе за Доброволното приватното здравствено осигурување можете да прочитате на веб-страницата на Халк осигурување www.halkinsurance.com.mk, на е-поштата со адреса  [email protected] или на телефонскиот број (02) 155 66 или +389 (0) 2 3122 385

(ПР текст)

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Објавено пред

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека кога политичарите говорат за прашањата за Преспа и другите договори, тоа е само губење време и одвлекување на вниманието од реалните проблеми на земјата, сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и сл..

dobivaj vesti na viber

„Точно е! Мнозинството граѓани едвај врзуваат крај со крај, очајни се од непостоење здравствен или образовен систем, сакаат развој а не вртење кон минатото.

Она што овие млади (а инаку умни) луѓе уште не го научиле е дека геополитиката (која ни ја наметнаа) е тесно поврзана со геоекономијата. Би очекувала својот критички ум да го свртат кон, на пример, поврзаноста на нашата колонијална положба со Преспа и Митилинеос. Или дури и со Бехтел и Енка… и уште многу ситни и не толку ситни зделки на македонските компрадорски елити кои нѐ продадоа како на сточен пазар, ни ги одзедоа и идентитетот и достоинството, ама и ги наполнија своите џебови врз база на бајките за ЕУ интеграција со смена на името и уставот.

It’s all about geopolitics, stupid!“, пишува Ванковска.

Според неа, Преспа и Бугарскиот договор не се само национални, идентитетски прашања, туку и класни и социоекономски. Ние, додава таа, сме во класично ропство, а принудени да аплаудираме на колонизаторите кои не се тука за наше добро, туку за свои интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Идната наша влада ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип

Објавено пред

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради нов објект за Клиничкиот центар во Скопје и ќе ја доизгради Клиничката болница во Штип,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Главен фокус на идната влада во здравството ќе биде укинување на дуализмот. Ќе се спроведе спојување на клиниките во еден интегриран Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“. Интегриран Клинички центар во Скопје ќе значи подобри услуги за пациентите и намалување на трошоците при јавните набавки, кои ќе бидат вршени централизирано. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заокружи целиот процес со Клиничкиот центар во Скопје со изградба на нов објект“, дополнуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат, истовремено владата ќе биде силно фокусирана и на довршување со градбата на Клиничката болница во Штип.

„По изградбата на Клиничката болница истата ќе биде опремена со најсовремена опрема и истата ќе се доекипира со соодветен медицински кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го има здравјето на граѓаните на прво место, затоа континуирано ќе вложуваме во здравството. Време е да ја вратиме државата на народот“, завршуваат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, кои е вклучен во кампањата на Стево Пендаровски и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Како и секогаш Пендаровски, Ковачевски и СДС кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот. Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. Јавноста заслужува одговори како овој балкански мешетар СДС и Ковачевски го исплаќаат, бидејќи во ниту еден извештај за финансиско работење неговиот ангажман не е заведен, и дали истиот е плаќан со црни пари, кеш на рака, од криминалните тендери на власта, пари украдени од граѓаните“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочуваат, од СДС треба да одговорат, дали покрај ангажирањето на Еисин, во Македонија се дојдени и две други лица, кои се локална поддршка на консултантот на Еисин, кои се сместени во центарот на Скопје во еден хотел и веќе активно работат на црната кампања на СДС за претстоините избори.

„Ги повикуваме надлежните институции веднаш да се одважат и да се ангажираат за расчистување на овој скандал, да го откријат финансирањето на консултантот и вклучувањето на странски државјани во кампањата за изборите. Време е за промени. Следува одговорност за секој сторен криминал, за секој скандал и за секое крадење на народни пари“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет2 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет2 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија2 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион3 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет3 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет3 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија18 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија19 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија20 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија21 час

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија22 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија24 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...