Македонија
Пожарот на Галичица се движи кон Отешево
Десетина пожари се активни во земјава. Големиот пожар кој ја зафати Галичица, почна да се движи кон Отешево, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари на отворен простор има во следните региони:
Скопски регион
Во место викано Љуботенски бачила зафатена е поголема површина на нискостеблеста дабова шума и трње, а во моментот дува силен ветер и го шири пожарот кон м.в. „Башинец“. Теренот е непристапен, и побарано е да дејствуваат авионите на ДЗС. На лице место се упатени припадници на шумско стопанство Караџицa.
Во близина на фабриката за тули ,,Типо“ – Драчево има активен пожар кој зафатил и дел од пругата. Побарано е од ЕВН да ја исклучи струјата на таа траса поради интервенција со вода.
Шумски пожар е појавен и кај манастирот Св. Богородица – Матка, а поради силниот ветер пожарот се шири брзо. Известена е БППЗ на Град Скопје и ШС Караџица.
Битолски регион
Во моментот има активен пожар кај селата Прељубје и Покрвеник.- Перово место викано Вича. Гори сува трева и трска, и неколку овошни насади, опожарена е површина од околу 50 хектари. Ангажирани се ТППЕ-Единица и ренџерска служба како и лица од месното население.
Пожарот во Национален Парк Галичица реонот туристичка населба Сирхан-м.в. Кале се движи кон село Отешево, а опожарено е околу 70 хектари, гори сува трева и нискостеблеста шума. Во гаснењето на пожарот интервенираат лица од Национален парк Галичица, и пожарникари од ТППЕ-Ресен. Ограничено е гасењето од земја од причина , што има остатоци од експлозивни средства од Првата светска војна.
Тетовски регион
Пожарот кај с.Лакавица, општина Желино е сеуште е активен. Од ЕЛС Желино е испратено и писмено барање до ДЗС Тетово за употреба на канадерите за интервенција за гасење на пожарот кој е на тешко непристапен терен. Од пожарот се изгорени и 5 електрични столбови, а селата од тој реон се без електрична енергија , за што се информирани ЕВН од каде што се излезени екипи на терен за согледување на состојбата и интервенција и санирање на последиците.
Охридски регион
Во моментот има активен пожар во атарот на село Рамне во многу непристапен терен ,гори ниска деградирана шума и смрека. На гаснење на пожарот има вработени од ШС.Сандански.
Во општина Македонски Брод се интервенира на пожар во атарот на село Ботушје каде гори дабова шума. На гаснење на пожарот интервенираат вработени од ШС Сандански и од месното население.
Велешки регион
Активен пожар има во атар на с. Црешнево. Во гаснењето на пожарот интервенираат екипа на ШС Бабуна и пожарникари од ТППЕ Велес. Во општина Чашка има пожар во атарот на с. Богомила, екипа на ШС Бабуна интервенира со правење на заштитен појас .
Штипски регион
Во атарот на Саса м.в Трканица Владимирово има активен пожар каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума. Во гаснењето на пожарот интервенираа авиони од ДСЗ. На терен се ТППЕ Делчево, со вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички.
Кумановски регион
Во моментов има активен пожар во Општина Липково во атарoт на село Никуштак кај место викано Баре. Екипи на Шумско стопанство се на терен и интервенираат во гаснење на пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.