Македонија
Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар
Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање поради состојбата со коронавирусот.
Од МВР информираат дека полицијата излегла на лице место, а повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид.
По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот, Џ.Б. ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“
„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“ „За една успешна и амбициозна компанија огромен предизвик е да се одржат високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш се стреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазарот на трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“.
„Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за апсолутен победник за најатрактивен работодавач, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2023 година, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите на интернет-страницата „Вработување.ком“, интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“. Настанот за првпат се реализираше во 2023 година низ симболиката на оскари за работодавачите во земјава, со цел афирмирање на позитивните практики на македонскиот пазар на трудот.
Наградата за работодавач на годината му беше врачена на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, кој изјави: „Ова е награда на 3.000 семејства кои работат во ’Алкалоид’ во Македонија и подружниците во странство! Признание за целиот оној труд, знаење и вештини кои се вградени во секој наш производ и во секој наш процес во изминатите 88 години постоење. Ова признание е доказ дека во Македонија навистина има квалитетни луѓе.“
„Алкалоид“ континуирано негува стимулирачка работна средина и постојано го надградува системот на бенефиции за своите вработени, кој вклучува: обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување, бенефиции за децата на вработените во форма на субвенциониран износ за вонучилишни активности, новогодишен линеарен надомест за секој вработен, исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум, награди за вработените за лојалност и дополнителни надоместоци во согласност со вклученоста во успешно завршени интерни проекти, годишен наменски буџет за едукации и за стручни доусовршувања, редовни тим-билдинг активности, можности за кариерен развој во компанијата и надвор од неа, подарок за секое новороденче на вработен, новогодишни пакетчиња за децата на вработените и друго.
ПР
Македонија
Левица на парламентарните избори ќе настапи со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието”
Левица со слоганот ,,Неподмитливите во Собранието” ќе настапи на Парламентарните избори.
Партијата ги објави слоганот и првиот предизборен спот.
Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за изборите за пратеници.
Скопје
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата Наум Наумовски-Борче
Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.
Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.
На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.
,,Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми”, им се обрати Герасимовски на собраните жители.
Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.
Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.