Македонија
Поради технички зафати, без струја делови од Скопје
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска, поради технички зафати, делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија.
– во периодот од 9.30 до 10.30 часот домаќинствата на потегот од гробиштата во Бутел кон улиците Гвадалахара, Јуриј Розентал, Плачковица (општина Шуто Оризари);
– во периодот од 7.55 до 15.30 часот корисниците од Визбегово: улицата Стар Качанички пат (Хасан Приштина) од бензиската „Макпетрол“ до „Еуромак Азија“, дел од индустриската зона „Визбегово“, улицата 2 во Визбегово, во реонот кај потрошувачите „Стеком“, „Алпос“, „Дамекс“, „Суниленс“, „Елит софа“ – салон за мебел, „Јавордрво Скупи“, „Камел солар“, „Аликас“, ТВ „Алфа“, „Фитофарм“, „БКС компани“, „Лето фодс“, „Копенс интернационал“, „Мега ауто партс“, „Еуролек“, „Еурограндс“, „Артинг“ и др. (општина Бутел);
– во периодот од 9.15 до 12.30 часот корисниците од Орешани: дел од објектите во потегот помеѓу Орешани и Зелениково (општина Зелениково);
– во периодот од 11 до 12.30 часот корисниците од Скопје – Кисела Вода: дел од улицата Франк Харткорт Манинг, дел од улицата Ѓорѓи Димитров, зграда и објекти околу „Тинекс“, улицата 14 Декември бр. 1 и 3, ОУ „Круме Кепески“. (општина Кисела Вода);
– во пероидот од 11 до 12 часот корисниците на дел од с. Горно Нерези (општина Карпош).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.