Контакт

Македонија

Посакувам да можам да сменам нешто за тој ден, изјави возачот Јордан

Објавено пред

Возачот Јордан Ѓоргиев кој ја стори несреќата кај „Сити мол“ изрази каење. Неговиот адвокат Душко Јанковиќ кажа дека тој никогаш не спорел дека ја сторил несреќата. За истата, посочи дека е од невнимание. За овој случај, ќе се изведуваат докази само кои се однесуваат за поблага казна која судијката Љубинка Башевска треба да ја изрече. Обвинителот Мишо Илиевски, кој го работеше случајот, во завршните зборови посочи дека неспорно е докажана вина и посочи дека се надева дека со казната ќе се превенира за други вакви сообраќајќи, случени со прекршување на сообраќајните правила. Адвокатката на повредениот Леонид Даов кажа дека признанието на вина не треба да биде олеснителна околност.

dobivaj vesti na viber

„Сакам да изразам сочувство на покојната. Од тој ден немам ни еден миг раат, многу сум вознемирен. Сакам да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото“, кажа возачот Јордан Ѓоргиев.

„Очекувањето на Јавното обвинителство е дека судот ќе определи санкција во границите на казната предвидена за кривичното дело за кое се обвинува Јордан Ѓоргиев. Со оваа кривична санкција искрено се надевам дека ќе биде задоволена правдата пред сè во делот на генералната превенција во овој вид на криминалитет, бидејќи во последно време сме сведоци на сè позачестени вакви незгоди, каде како последица го имаме губењето на човечки животи. Очекувањето на обвинителството е да се определи санкција со која ќе се остварат целите на казнувањето. Предлагам да му се определи кривична казна забрана за управување со моторно возило“, кажа обвинителот Мишо Илиевски.

Адвокатот на семејството Николови кажа дека тие не добиле извинување од адвокатот, семејството и оштетениот и 76 дена по несреќата.

„Сакаме да потенцираме дека денеска е 76. ден од смртта на Викторија и во однос на признавањето  вина, сметаме дека истото е институционално. Затоа што во текот на овој период ниту семејството на обвинетиот, а и самиот тој, во ниту една форма се нема извинето, изразено сочувство или искрено да се покае. Сакаме судот ова да го има  предвид и да донесе казна како што треба за да покажеме владение на правото сразмерно на делото што е сторено“, кажа адвокатот Владимир Михајловиќ, кој го застапува семејството на загинатата Викторија Николова.

Билјана Андонова, адвокатка на Леонид Даов, кажа дека признанието  вина не може да биде олеснителна околност.

„Без оглед на фактот што обвинетиот денеска призна вина, истиот не може да биде ослободен од одговорноста дека свесно направил сериозни пропусти во сообраќајот, а тоа не може ниту да влијае како олеснителна околност при одмерување на казната. Бараме од судот да изрече санкција која како апел ќе одекне во јавноста за нулта толеранција на ваков вид кривични дела. Особено, ако се има  предвид зачестеноста на овој вид а кривични дела, како и фактот дека несреќата во која, за жал, трагично го загуби животот Викторија е случена на пешачки премин, на едно од најфреквентните места во Скопје. Загубата е голема, како за фамилијата на оштетената, така и за оштетениот Леонид, кој во оваа несреќа си ја загуби својата партнерка и најдобра другарка“, кажа Андонова.

Адвокатот Душко Јанковиќ, кој го застапува обвинетиот Јордан Ѓоргиев, го опиша неговиот живот. Кажа што проживува, го спомена и каењето. Јанковиќ пред судијката кажа дека возачот е веќе казнет, бидејќи има трајно психичко нарушување. Според адвокатот, возачот Јордан кажал: „Каењето и самообвинувањето на Јордан се гледа и од тоа што во неколку наврати изјавил дека кога би можел да биде на местото на починатата Викторија, би се сменил со неа“.

„Чинот на признанието на Јордан мислам дека е единствен начин за таа трагедија да се ублажи и за двете страни, но и  денеска да ја утврдиме вистината за целиот настан. Кога велам да се утврди  вистината, не мислам на утврдување на фактичка состојба, но мислам на сите невистини, лаги, инсинуации, злонамерни пишувања, колнења, клевети и закани со убиство искажани кон обвинетиот Јордан, неговото семејство, па и лично кон мене како негов бранител, а искажани преку социјалните мрежи од првиот момент на  трагедијата од страна на квази добротвори, квази правници, кои цело време изведуваа квази судии седејќи зад тастатурата пред компјутер, а вклучен ‘Фејсбук’ и неограничено ги лечеа своите комплекси, а притоа не сфаќајќи дека се всушност морални накази и чудовишта кои немаа почитување спрема никого и со цел  ова и така не мала несреќа, уште повеќе да ја зголемат, а што е најважно, немаа почит и спрема семејството на оштетените. Ова го кажувам со причина. Затоа што успееја обвинетиот тогаш да го прикажат како дете кое е збеснато, чиј татко бил функционер, бизнисмен, близок со власта, а возел со скап џип, па дека бил пијан, поминал на црвено. Сето тоа влијаеше врз целата оваа постапка, почнувајќи од првиот ден и во некои решенија на овој суд каде што дури беше напишано и наведено дека  одлуката меѓу другото се носи и поради притисокот на јавноста. Ова не е прва сообраќајка ниту последна. Имало и многу потешки кривични дела, но никогаш немало таков публицитет, што дури  влијаеше и на судски одлуки. Искрено се надевам дека овој суд нема да подлегне на никакви притисоци и дека ќе донесе објективна одлука. Како и да е, обвинетиот Јордан Ѓоргиев е најобично младо дете од нашето секојдневие. Ниту е син на директор, ниту имал скап џип, ниту бил под дејство на алкохол и дроги, што е факт и видно од самиот обвинителен акт. Живее во семејна заедница со неговата мајка и помлада сестра и повремено со неговата свршеница. Родителите на Јордан се разведени уште во 2007 година и од тогаш се самохрано семејство. Неговиот татко, како за пример,  живее веќе 17 години во Гевгелија и е невработен. Кога го опишуваме карактерот или психолошкиот профил на животот на младиот Јордан, неговата клучна улога во семејството е домаќинската улога и преземањето на улогата на неговиот татко. Јордан е кокредитобарател на неговата мајка, која е кредитобарател за кредит за стан каде што денеска живеат, со рок на исплата од 30 години. Јордан на свое име и со двајца жиранти има подигнато уште еден кредит. Тоа покажува дека покрај тоа што студира, тој работи, зема плата од 45 илјади денари и заедно со неговата мајка го водат семејството“, кажа адвокатот.

Јанковиќ го молеше судот да биде благ спрема Јордан при одмерување на каната, да ги цени сите факти и докази, особено да го цени искреното каење и признание дадено и покажано од негова страна.

„Еден ваков психолошки профил, заедно со фактот дека не е осудуван, а со сета своја невиност се судира и соочува со немилиот настан, со смртта на Викторија, со повредата на Леонид, со ужасот и хаосот во кој се нашол и сè уште се наоѓа, што придонесува тој да е веќе казнет. Јордан слабо јаде, слабо пие, не е контактибилен со никого. Самиот извештај издаден од психијатрите во затворот ‘Скопје’ не може во целост да ја опише неговата психичка состојба и депресија и неговото самообвинување. Го молам судот да го цени признанието на Јордан, не само како форма за олеснителна околност заради ублажување и намалување на казната туку како факт дека тоа признание кое денеска го даде е гест на искрено и навистина големо каење. Не можам да се согласам со предлогот на Обвинителството дека го сторил кривичното дело со умисла. Бидејќи е неприфатливо токму на ова дете, на овој профил на млад човек, да му се препише умисла. Факт е дека обвинетиот бил потполно и целосно исправен согласно законот, освен во делот каде и навистина возел со брзина поголема од дозволената и тоа е еден момент на невнимание, небрежност, можеби една до две секунди коишто целосно ги извртуваат работите, а каде што од тој момент, судбината ги презема во свои раце. Изгубен е еден млад живот, тоа е факт. Колку и да е сурова таа вистина, ништо помалку зло не е спрема Јордан. Бидете сигурни дека покрај оваа казна која ќе ја добие од судот, цел живот со себе ќе си ја носи и Божјата казна“, кажа адвокатот Јанковиќ.

Македонија

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Скопје

Без струја дел од Карпош

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 минути

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа10 минути

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет25 минути

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа36 минути

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија13 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија15 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија16 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија17 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија19 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ20 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија20 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија20 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија23 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет23 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет23 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија23 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион24 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет24 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет24 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...