Македонија
ПОЦ од денес бесплатно ќе ги отстранува хаварисаните возила во Центар
Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ја почнува кампањата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“, со цел да се ослободат паркинг-местата и јавните површини на територијата на општина Центар кои се зафатени од страна на хаварисани и напуштени возила и приколки, а кои претставуваат опасност за жителите и животната средина.
Веќе од денес хаварисаните и напуштени возила и приколки, со согласност на сопственикот, ќе се отстрануваат од јавните површини во општина Центар и бесплатно ќе се носат во депото на Друштвото за производство, трговија и услуги „Васкони скрап“ ДОО Скопје. Потоа тие ќе ги сечат и ќе ги продаваат како старо железо, а за тоа сопствениците на возилата ќе добијат надоместок од фирмата во согласност со нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила.
Во склоп на кампањата, од среда (20.1.2020), ќе се отвори и посебна телефонска линија 075 476 762, каде што сопствениците на хаварисани возила ќе може да ги пријавуваат своите автомобили. Пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш по добивање на повикот.
Директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, Васко Кичевски, и сопственикот на Друштвото за производство, трговија и услуги „Васкони скрап“ ДОО Скопје, Васил Ѓатовски, потпишаа меморандум за соработка, со кој се обврзаа двете страни заеднички да соработуваат и да дејствуваат за да се воведе ред во паркирањето, да се зголемат капацитетите на паркинг-местата и да се воспостави партнество во смисла на задоволување на потребите на корисниците и жителите на општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.
Македонија
ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери
Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборите извести дека се издадени наредби за увид во службената документација на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Делчево.
„Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Делчево е заведен предмет по барање на Министерството за внатрешни работи за кој се побрани наредби за вршење увид во службената документација на Јавното претпријатие ’Комуналец“ со цел да се проверат наводите за евентуално сторено кривично дело поткуп при избори и гласање. Се работи за наводно поставување водомери во поголем број населени места во таа општина. Дадена е наредба за проверка на службената документација во претпријатието. Доколку се утврди дека има елементи за сторено кривично дело поткуп при избори и гласање, предметот ќе се процесира понатака“, рече обвинителот Бајрами.
Во Основното јавно обвинителство Радовиш денес е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите, наводно, го покажал гласачкото ливче кон еден од набљудувачите од една политичка партија. И за овој настан обвинителот Бајрами рече дека се дадени насоки за проверка на наводите и доколку постојат елементи за сторено кривично дело и овој предмет ќе се процесира.
Обвинителот Бајрами рече дека од аспект на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.
Македонија
Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште
Процентот на избирачите кои гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информираше претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Според податоците, најголема е излезноста во Новаци – 42,87, а најмала во Врапчиште 10,18 отсто.
Заклучокот е дека досега гласањето се одвива мирно на сите избирачки места.
До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право, од нив 16 се усвоени и на избирачите им е овозможено да остварат право на глас, 8 се отфрлени како неуредни, а 9 одбиени. Останатите се во обработка.