Македонија
Почина дипломатот и писател Трајан Петровски
Поранешниот дипломат и писател почина синоќа на 82-годишна возраст.
Во последниот поздрав од неговите колеги од Дипломатскиот клуб во Скопје потсетуваат на кариерата и делото на Петровски, кој беше првиот нерезидентен амбасадор на Репубилика Македонија деташиран во Анкара во јуни 1992 година.
Како исткнат дипломат над три децении тој со непокор работеше на етаблирање на органите за надворешни работи на нашата држава и беше еден од незаменливите дипломати промотори на македонската култура во светот.
Професионалниот дипломатски ангажман на Петровски многу ја збогати и мултудимензионално ја постави неговата литературна вокација, а неговите романи, поезија, есеи и патеписи ги проширија културните реалности и вредности на Македонија во светот, стои во дописот од Дипломатскиот клуб.
„Како истакнат член на Дипломатскиот клуб – Скопје, колегата Петровски даде полн придонес и за аналитичко, систематско и за професионално проучување и историографско документирање на активностите на македонската дипломатија во својот 50-годишен развој. Простувајќи се од Трајан Петровски, веруваме дека многу генерации дипломати на Република Северна Македонија ќе го следат неговиот пример за истрајно и одговорно реализирање на интересите на земјата во односите со странските субјекти“, велат од Дипломатскиот клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.