Македонија
Почнаа обуките за советници за работодавци
Педесетина вработени од 30 центри за вработување ја почнаа првата тридневна обука за новите профили на вработени – советници за работодавци. Обуките се спроведуваат за да се унапредат професионалните капацитети на вработените, како и советодавните услуги. Како што велат од Министерството за труд и социјална политика, целта е на тој начин да се обезбедат нови начини и пристапи во дневната комуникација на вработените со надворешни субјекти.
Новиот профил „Советник за работодавци“ во центрите за вработување се воведува со цел подобрување на квалитетот на услугите на центрите за вработување и соодветно одговарање на потребите на претпријатијата за вештини/работници и понудените активни мерки за ранливите групи, како и на мерките за поддршка на вработувањето на ранливите лица.
Советникот за работодавци ќе биде одговорен за анализа на пазарот на трудот и процена на потребите за работници на претпријатија, редовна, отворена и продуктивна комуникација и соработка со приватниот сектор на регионално ниво, планирање и советување на заинтересираните правни субјекти, како и утврдување на потребите за работници и понуда на мерки за пресретнување на потребите.
„Нашата цел е дијалогот да го спуштиме од централно на локално нив бидејќи секоја општина или регион вистински знае што е потребно во моментот за креирање на политиките за вработување и реашавање на сериозниот проблем со недостиг на квалификувана работна сила. Една од вашите задачи на бизнис-советниците ќе биде токму ова советување кое навистина треба да воспостави квалитетна врска и соработка помеѓу АВРСМ и работодавците и да одговори на нивните потреби. Минатата година мерките од оперативниот план ги планиравме заедно со работодавците и тие дадоа успешни резултати. Ваквата пракса продолжува и во изработката на оперативниот план за 2020 година“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, рече дека е неопходно Агенцијата да ги знае потребите на работодавците, нивните планови и предлози, за да може навремено да интервенира во унапредување на нашите услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.
Македонија
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, неправедно ја клеветел.
„Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел да ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста, Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“, пишува Петровска.
Во продолжение таа додава дека не сака пари од нечесник и се откажува од паричниот надомест.
„Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“, додава Петровска.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.