Македонија
Почнува скопската недела на дизајн во Јавна соба
Денес под мотото „Ментална хигиена” се отвора деветтото издание на Скопската Недела на Дизајн во Јавна соба. Влезот за сите посетители на дневна и вечерна програма е слободен.
„Менталната хигиена ја одбравме пред сè како иницијатива со која би го промениле сето она што го навредува дизајнот, а го поддржува сопствениот стил на живот, работа и моментите кои не дефинираат нас. Дизајнот можеме да го сретнеме насекаде, во секојдневниот живот, низ различни форми, пишан збор, фотографија, музика, индустриски дизајн, активизам итн. На нашето општество потребен му е бран на ментална “чистка”, пред се преку потврда на нашата работа овие девет години“,изјави Тамара Георгиевска, менаџер на Skopje Design Week.
За прв пат годинава, Скопската Недела на Дизајн нема земја во фокус, но затоа им оддаде почит на сите дизајнери и дизајн сцени од бившите Југословенски просторино и пошироко. Артисан (БиХ), Газда (БиХ), Гир (Србија), Група (Хрватска), Просторија (Хрватска), Занат (БиХ), ПалтформатаYoung Balkan Designers (Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Албанија и Македонија), Здружението на дизајнери од лица со посебни потреби „In My Shoes”(Македонија), актуелниот добитник на престижната награда за германски дизајн – Завар Дизајн (Македонија), дизајнерката на внатрешен ентериер Ивана Пешликовска, како идизјнерот на внатрешен ентериер Кирче Стојоски (Македонија), брзо растечкиот домашен производител Софа Студио (Македонија), Спектра (Македонија), Natuzzi, и уникатната работилница составена од дизајнери од Холандија, Велика Британија, Белгија и Македонија за дизајн на мобилна градина за лица со посебни потреби „On the point”.
Во рамките на работната програма, се случуваат различни типови на работилници и предавања кои ја опфаќаат менталната хигиена во целост. Работилниците и предавањата се стационирани во Cosy Room на третиот кат: „Како до нови клиенти употребувајќи дизајн размислување”, „Дизајнот и неговата бескорисност”, „Измисли ја својата маица” (наменета за деца), “Базилико – презентација за софтвер за вински барови и ресторани”, „Чувајте го вашиот ментален мир додека водите бизнис”, „Што е дизајн” – презентација на уникатниот продукт дизајнер Никола Узуновски, „Користете го паметно вашиот кревет”, „Секс, врски и (себе) дизајн”.
Она што можеби ги врзува сите на едно место е храната, затоа за прв пат на Скопската Недела на Дизајнот се организира час по готвење под капата на мастер готвачот Ренато Краљев, на 30.11.2019 со почеток во 12:30, додека по овој час следи вечерата „Вкусот на Задар” која започнува во 19 часот.
Со почеток од 21 часот со настапот на футуристичкиот грув состав „El Jazzeyra” составен од Жарко Марковиќ, Александар Милојковиќ, Владимир Богосављевиќ и Андрија Минчиќ кој изведува DJ перформанс во живо на различни инструменти (гитара, саксофон, пијано, труба, кларинет, бас) официјално се отвора Скопската недела на дизајн. Од нив може да се очекуваат уникатни музички импровизации користејќи ги различните музички жанрови како jazzy, funk, nu disco, deep & tech house.
Додека во наредните денови можеме да ги видиме „The three of us” (четврток, 21:30), „Lincoln Letter” (четврток, 22:30), „Retro Ringtones” – македонски евергрини (петок, 21:30), „Naked” (сабота, 21:30), DJ Александар Мискоски (недела, 13 часот). Детална програма на настанот на: www.ministryofpleasure.net.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите за 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел од листата на Социјалдемократскиот сојуз и Коалицијата за европска иднина.
Маричиќ јавно се обврза дека како член на наредната Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе продолжи да работи за пензионерите да имаат убав и достоинствен живот.
„Оваа Влада ги покачи пензиите за 50% и ветуваме дека во наредниот мандат ќе биде просечна пензија од 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба“, вети Маричиќ.
Тој нагласи дека пензионерите тоа го заслужуваат.
„Без вашата генерација и без влогот кој што го дадовте немаше да имаме држава. Токму затоа сме дожни и обрзани да работиме пензионерите да имаат мирни и спокојни пензионерски денови и мирно да ги гледаат своите деца и внуци како растат. А како растат внуците така нека растат и пензиите“, нагласи Маричиќ на средбата со тетка Верица и пензионерите од Карпош.
Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, порача дека тој, СДСМ и Коалицијата за европска иднина „не се откажуваат од подобриот животен стандард за спокоен живот за пензионерите“.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, максимални температури до 18 степени
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени.
За време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Таравари од централниот митинг во Струга: Зголемување на минималната плата до 800 евра за борба против имиграцијата
Кандидатот за претседател од редовите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја изрази својата заложба за борба против имиграцијата преку зголемување на минималната плата во нашата земја. Во рамките на идната влада се планира зголемување на платите и до 800 евра, со што ќе се создадат нови можности младите мажи и жени да останат и да придонесат за развојот на државата.
Преку грантови за технологија и иновации, Таравари рече дека владата има за цел да ги поддржи нивните креативни идеи, фокусирајќи се на развојот на земјата како атрактивна алтернатива за младите.
„Иселувањето кај нас е над секоја норма, бројките се алармантни. Не можеме да останеме рамнодушни на оваа ситуација. Така како следна влада на ВЛЕН ќе донесеме одлука за покачување на платите. Ќе се заложиме минималната плата до крајот на нашиот прв владејачки мандат да биде 800 евра. Преку грантови за технологија и иновации, ќе ги поддржиме младите мажи и жени со нивните креативни идеи, кои првенствено служат за нашиот развој како држава. Ова ќе биде дополнителна причина да ја гледаат иднината овде со нас, недалеку од нивните домови, недалеку од нивниот роден град“, рече Арбен Таравари на централниот митинг во Струга.