Македонија
Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила
Поранешниот заменик-правобранител Трипун Танушевски, кој за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, бил одреден да постапува кога во јавноста излегле извештаите од медиумите, на денешното сведочење за случајот „Тортура“ рече дека народниот правобранител не постапил по предметот поради веќе донесената одлука на истражниот судија од Кривичниот суд дека не се преземени никакви незаконски активности при апсењето на Бошкоски.
„По добивањето на доказите од секторот за внатрешна контрола, доставени ни се и записници за оправданоста за употреба на сила. Во меѓувреме, народниот правобранител прибави докази дека истражниот судија од Основниот суд 1, кој ја водел истрагата, констатирал дека не се преземени незаконски полициски овластувања, што е констатирано со судска одлука. Народниот правобранител немаше законски можности за понатамошно постапување кога има одлука на истражен судија“, рече Танушевски.
Тој истакна дека народниот правобранител претходно ги прибавил сите материјали за почеток на постапка, меѓу кои изјави од Бошкоски додека се наоѓал во притвор и изјава и документација од затворскиот лекар. Сепак, поради судската одлука, не е почната постапка.
Одговарајќи на прашање на јавниот обвинител, Танушевски рече дека не се сеќава дали ја видел снимката од апсењето додека постапувал по случајот или подоцна, но во секој случај од видеоматеријалот не можел да увиди дали е употребена прекумерна сила.
Поранешниот заменик-народен правобранител пред судечкиот совет рече дека доколку се наоѓал на местото на Бошкоски и било поставувано така кон него од страна на полицијата при апсењето, земајќи ги предвид фактите дека е поранешен министер, јавна личност и лидер на партија, ќе бил и тоа како понижен.
„Кога би се нашол во ситуација на Љубе Бошкоски и доколку ме легнат на земја како јавна личност, некогашен министер, сето тоа, како и вртењето кон тоалетот, би го чувствувал како понижување“, рече Танушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.