Македонија
Празнична магија го осветли „Ист гејт мол“
Вчера (13.12.2021), бајковита и забавна музичка атмосфера внесе вистинска празнична магија во најголемиот регионален центар, познат и како новата шопинг престолнина, „Ист гејт мол“.
Сите очи на настанот беа свртени кон 12-метарската елка, која ја осветли Sarah Mace, за време на својот оригинален А капела настап од празнични песни со The Christmas Girls.
„Ист гејт мол“ го изначи и официјалниот почеток на празничните настани во претстојниот период, исполнети со секојдневни забавни активности во духот на празниците.
Атмосферата беше надополнета со веселиот Дедо Мраз, кој на присутните дечиња им приреди слатко изненадување со подарување на неодоливи новогодишни пакетчиња, а елегантните Brasstet Skopje ја збогатија празничната магија во молот со изведба на некои од најпознатите безвременски празнични мелодии.
Од 15.12.2021 (среда), започнуваат Design Gate (ексклузивна продажба), од 15.-20.12.2021, нетрпеливо се очекува и „Unview the new – by BMW“ настанот на 25.12.2021 (сабота), а атмосферата во молот секако е секојдневно позабавна со студиото во живо на City Radio во „Ист гејт мол“.
Сè до 10.12.2021, на сите посетители им е достапна и изложбата ,,Изгледаш прекрасно денес”, во организација на Europe House и Европска комисија.
Еден од најочекуваните празнични настани во „Ист гејт мол“ е гламурозната „Празнична и магична GLAM ревија“, којашто ќе се оддржи на 16.12.2021 (четврток) со почеток во 17:00 часот, а по којашто секако ќе следи и „Музичкиот танцов фестивал“, каде в сабота, на 18.12.2021, најмалите посетители во „Ист гејт мол“ со почеток во 13:00 часот заедно ќе се забавуваат со единствените Поточиња и маскотата Поки, а и ќе уживаат во танцовите точки на познатите студија Eat the Beat, Aqua Dance Studio и Еурека.
На 23.12.2021 следуваат слатките празнични вкусови на настанот „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“, кој што се очекува да започне во 17:00 часот.
Сите љубители на добра храна и вино од 23.-25.12.2021 ќе можат да бидат дел и од „Wine & Dine Фестивал“, а авантуристите ќе имаат шанса да дознаат повеќе за голем број дестинации на „Регионалниот саем за туризам“ од 17.-18.12.2021.
Во празничната магија на „Ист гејт мол“ ќе се вклучи и Полифонија (детски хор), – музичка платформа на млади уметници, која ќе се претстави со свои настапи на 19.12.2021 (недела) од 12:00 часот и на 30.12.2021 (четврток) со почеток од 17:00 часот.
Оваа сезона, посетителите во „Ист гејт мол“ имаат единствена можност да бидат дел од едно поинакво и оригинално празнично искуство, со селекција на 250 реномирани брендови, од кои 40 се достапни за прв пат, а од чија богата понуда може да се создадат голем број на уникатни новогодишни подароци за семејството и пријателите.
Најубавите моменти од настанот на 13.12.2021, може да се погледнат на следното видео: https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/1046816759228533/
Ти си центар.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.
Македонија
Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково
Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково. Ќе го поврземе Куманово со Гњилане и Прешево, ќе инвестираме во агробизнис, грантови и земјоделци Ќе ги поврземе Куманово со Гњилане и Прешево, ќе инвестираме повеќе во агробизнисот, во грантови за земјоделците и во економски развој за да ја вратиме некогашната репутација на земјоделството и производството на регионот на Липково и Куманово. Ова беа дел од пораките кои претседателскиот кандидат Арбен Таравари ги испрати вечерва од општина Липково. Оваа општина ја донесе ДУИ на власт а како награда добива само штета, неправда и лошо владеење.
„Наместо да се привилегира и развива овој регион кој некогаш важеше за кризен регион, лошото владеење на ДУИ го втурна во повеќекратни кризи. Економска и земјоделска криза, невработеност и миграциска криза, но и безбедносна криза и монтирани случаи. Никој повеќе од жителите на овој крај не ги почувствувал последиците од лошото владеење на ДУИ“, нагласи Таравари во својот говор.
Но, според него, оваа состојба ќе заврши со гласот на самите граѓани, кој ВРЕДИ и ќе ја донесе долгоочекуваната промена.
„Ќе донесеме повеќе правда, прво за политичките монтирани случаи, каде што ќе се заложиме за правда и обештетување за оние Албанци кои неправедно се држат во затвор. Никогаш не го забораваме војникот на слободата и жител на овој крај, Реџаил Ќерими, кој неправедно беше држен во затвор 13 години и почина во ќелијата кога отворено се знаеше дека нема врска со она за што го обвинуваа, изјави Таравари.
Меѓу другото, Таравари од Липково повтори дека со доаѓањето на ВРЕДИ на власт ќе се забрани коцкањето, а ќе се простат и долговите од фирмите за брзи кредити кои исто така рече дека ќе се затворат.
Македонија
Кои се седнатите на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти, прашува Силјановска-Давкова
Ги нема сликите низ весниците кои се најдобар доказ, бидејќи сликите понекогаш повеќе кажуваат од зборовите, за тоа кој е кој во ова корупциско и криминално гнездо, вели професорката Горданa Силјановска -Давкова вечерва од Велес.
„Колку претседатели сте виделе, колку премиери сте виделе, колку министри за внатрешни работи сте виделе седнати на софра со најголемите криминалци од Грчец, Шиша бар, со оние од убиствата во Ханиоти? Може да се сликате со некого на улица, ама на софра да бидете тоа значи дека сте во спрега. Значи, во право е претседалот на ВМРО-ДМПНЕ кога вели дека, не само со чинење, не само со криминални активности, туку и со замижување пред криминалот и корупцијата вие сте соучесник во нив, посочи Силјановска Давкова и додаде:
„Во овие избори има нешто специфично, до ѕидот сме доведени. Вие заслужувате власт соодветна на вашето достоинство, власт од којашто нема да се плашите и срамите, туку ќе се гордеете“, порача вечерва од Свети Николе, кандидатката за претседател на државата, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери