Македонија
Предавање на Адеми на Универзитетот „Колумбија“: Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива
На покана на Институтот „Хариман“, министерот Едмонд Адеми одржа предавање на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк на тема „Западен Балкан, Македонија и интеграциските процеси – има ли улога за дијаспората?”
На почетокот од предавањето министерот Адеми се осврна на значењето на земјите од Западен Балкан, како и важноста на нивната стратешка определба кон евро-атлантските интеграции. Во тој контекст министерот ја потенцираше и стратешката определба на земјава за влез во НАТО, истакнувајќи го фактот дека истата датира од 1993 година, кога Собранието ја усвои Резолуцијата за влез на Република Македонија во НАТО. Дополнително на тоа ги потенцираше и конкретните чекори кои земјава ги има преземено од 1993 година до денес, а кои укажуваат на искрените намери на државата кон евро-атлантските интеграции. Министерот Адеми недвосмислено порача дека Владата искрено верува дека наскоро ќе почне процесот на преговори за влез во Европската Унија и дека Република Македонија ќе стане 30. членка на НАТО.
Министерот Адеми се осврна и на искрените намери на Владата за воспоставување соработка со дијаспората на институционално ниво. Во контекст на тоа, истакна дека за првпат во Република Македонија се работи на национална стратегија за соработка со дијаспората. Истата се базира на четири клучни столбови и има за цел да воспостави една рамка преку која ќе се решаваат клучните проблеми на дијаспората и која ќе овозможи воспоставување и продлабочување на соработката помеѓу државата и дијаспората.
На крај, министерот Адеми се заблагодари за поканата да одржи предавање на еден од најреномираните светски универзитети и истакна дека Владата и понатаму засилено ќе продолжи со активности кои забрзано ќе донесат полноправно членство на земјава во ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанец фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој додаде дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.