Македонија
Предновогодишен марш за воздух во Скопје
Локалниот разгранок на движењето за климатска правда „Петоци за иднината Скопје“ за утре најавува нов марш за кој велат дека е последниот годинава во рамките на зелена револуција, концепт што обедини повеќе од триесет еколошки организации со 123 конкретни барања.
„Протестот, кој го организираат ‘Петоци за иднината Скопје’, в петок, во 17 часот, не е изговор за напуштање часови во средните училишта, како што тврдат некои провладини коментатори. Ваквата квалификација е крајно нечесна и ја валка не само репутацијата на меѓународното движење на Грета Тунберг, на кое сме локален разгранок, туку и благородната кауза зад која стоиме.
Протестот утре е последниот марш годинава во рамките на зелена револуција, концепт што обедини повеќе од триесет еколошки организации зад 123 конкретни барања. Нивно исполнување ќе значи конечен крај на кризата на животната средина во државава. В петок нашите сојузници од зелениот фронт даваат поддршка на симболичниот бојкот само на крајот на наставата, кој во никој случај не претставува бојкот за целиот училиштен ден, туку само ефективен начин да се обрне внимание на проблемот“, соопштија организаторите.
Според нив, овој период од школската година е важен за средношколците, но чистиот воздух е уште поважен.
„Младите заслужуваат максимална посветеност од властите за решавање на загадувањето. Во моментот таква посветеност не гледаме. За да имаме здраво општество, мора да имаме здрава младина, а за да имаме здрава младина, мора да имаме здрава животна средина. Аерозагадувањето со години е проблем број еден во Скопје и пошироко, кое директно придонесува и за климатските промени и затоа повеќе не може да чека.
Сакаме да нагласиме дека не поддржуваме никакви други активности надвор од закажаната програма и се оградуваме од какви било злоупотреби на еколошката кауза за лични или партиски цели. Затоа, ги повикуваме граѓаните од сите возрасти, верски, етнички и партиски припадности да ни се придружат на предновогодишниот марш за воздух во 2020 со почеток кај Министерството за животна средина и да им помогнат на своите деца во оваа битка“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.