Македонија
Претпладне облачно, попладне врнежливо со грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во текот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има денеска кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија
Народот одлучува за иднината на Македонија, порача кандидатот за претседател, Максим Димитриевски по гласањето.
„Jас го остварив своето право и гласав. Народот одлучува за иднината на Македонија! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат!“, рече Димитриевски, споделувајќи фотографии од гласањето.
Македонија
Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт
Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот круг од претседателските избори.
„Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го искористат избирачкото право. Генерации гинеле за негово користење! Споредете и направете го вистинскиот избор!“, додаде таа.
Македонија
(Видео) Османи: Овие избори се одлучувачки, граѓаните имаат две опции
Кандидатот за претседател Бујар Османи посака изборите да бидат слободни, фер и демократски.
„Граѓаните да излезат, масовно да гласаат, да гласаат според своето убедување, со цел и надеж за подобри денови на нашата држава во големата европска фамилија. Овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции – изолација или интеграција, очекувам да ја донесат правата одлука“, кажа Османи.