Македонија
СДСМ во Ваташа: Жртвите на нашите предци од НОБ не’ обврзуваат да ја обезбедиме иднината во Европа
Во Тиквешијата, рамо до рамо со граѓаните попладнево беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, во рамки на теренските активности на партијата „Рамо до рамо, до победа“.
„Граѓаните на Тиквешијата, Ваташа, Кавадарци, многу добро знаат дека СДСМ секогаш е на вистинската страна на историјата, а како наследници на партизаните од НОБ врз кои почива македонската држава и во минатото и денеска тоа на дело го покажала. Многу жртви се дале за се она што сме денеска. Споменот на тие жртви не обврзува сите нас да ја обезбедиме македонската иднина во Европа, да бидеме рамноправни на европската маса и да создадеме општество на сигурност, безбедност и благосостојба, за никогаш повеќе да не се повторат нови негирања, ниту пак нови жртви“, порача генералниот секретар Зечевиќ на масовна маалска средба со граѓаните на Ваташа.
Зечевиќ потенцираше дека секогаш левата политичка опција во земјава била на вистинската страна на историјата и на македонската држава, правејќи дистинкција со деструктивното однесување на десната политичка опција.
„Мораме да зборуваме за гласот на вистината да се слушне, да знаеме кои сме ние а кои беа они. Ѕвездата што ја носиме ни е таква каква што е, таа не е само денеска, таква била и во минатото и таква била низ историјата на македонскиот народ, секогаш левата опција била постојано на браникот на Македонија и на македонизмот. Ги гледам организациите коишто ги прави опозицијата, на сметка на Ваташа, на сметка на историјата што ја имаме, ние јасно знаеме кои сме ние а кои се они. Затоа сме тука со вас, говориме и ќе говориме за да направиме јасна дистинкција, кои сме ние а кои се они. Немојте да го заборавите тоа никогаш. Па зарем тие што го лустрираа Славко Јаневски да ни кажуваат дека се големи патриоти? Коишто Блаже Коневски го нарекуваа џуџето од Небрегово? Тие да дозволиме да ни држат денеска предавања за македонската историја и за учество на македонските социјалдемократи во неа?“, додаде Зечевиќ.
Генералниот секретар потенцираше дека сега земјата има историска шанса да стане рамноправен партнер на европската маса и повика на заедничка политичка борба да станеме дел од Европа.
„Стремежот на сите оние генерации пред нас не бил да бидат плен на масата туку да бидат рамноправен партнер. Денеска имаме шанса да бидеме рамноправен партнер на европската маса. Имаме признаен, потврден, македонски литературен јазик. Мора да се бориме како народ, сите заедно, да опстоиме за нашата конечна кауза а тоа е да бидеме дел од Европа. Не Европа во формално правна смисла, суштински, да донесеме вредности за квалитетен живот каков што го имаат европјаните. На народот, на граѓаните им треба и мир и стабилност, им треба и соживот, иднина. Мора да останеме заедно, на патот којшто не чека, да остане сложни“, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски вечерва во Ваташа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Шкријељ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80 проценти од листите се истите пратеници
Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија. Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно, истакна на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.
„Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.
Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ
Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.
Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.
Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.
Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот“, вели таа.
Оценува дека граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.
Со истите лица на листите, Белата палата, според Шкријељ потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
В„о ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.
Затоа, кристално јасно е.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ“, прецизира пратеничката на СДСМ.
Скопје
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.3.2024 (недела), со почеток во 9 часот, поради одржување атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св. Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Левицата: Решението за градба кај болничкиот комплекс Воена болница да се поништи веднаш
„Го повикуваме градоначалникот Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи Решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“, истакнуваат од Левица.
Потсетуваат дека политичката партија Левица повеќепати укажа на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, паралелно организираше протест на којшто граѓаните јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите за противзаконската одлука на истите да почнат со градба на зграда за којашто немаат законска дозвола.
„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено.
Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидејќи е информација од јавен карактер“, дообјаснуваат од оваа партија.
Го повикуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски во пресрет на изборната претседателска кампања да се одважи, како што велат, да ги испочитува законите и да го поништи Решението за градба веднаш, како би докажал пред граѓаните дека, навистина, ги застапува нивните интереси“.