Македонија
Пропаднатиот закон за игри на среќа во Албанија се воведува кај нас, велат од АСОМ
На вчерашна владина седница, а по предлог на Министерството за финансии, практично се усвојуваат предлог измените и дополнувањата на Законот за игри на среќа, со кој предвидува оддалечување на спортските обложувалници на најмалку 500 метри од училиштата.
На ова денеска остро реагираа од Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), и тоа споредувајќи го законот со пропаднатиот закон за игри на среќа во Албанија.
Имено, Албанија пред 4 години го забрани спортското обложување, а потоа беше сведок на апсења секоја недела поради дивите обложувања. Поучени од негативното искуство, албанските власти најавија повторна легализација на спортското обложување во првиот квартал на 2023 година.
„Дали нашата Влада има интерес да донесе закон со кој ќе ја направи грешката на Албанија? Дали ова се прави можеби намерно? Наместо да учиме на туѓите негативни искуства со предвидените законски измени, директно одиме во амбис“, прашаа од АСОМ.
Од Асоцијацијата посочија дека ниедна европска земја нема ваков закон, затоа што тој едноставно не функционира. Објаснија дека ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект и со тоа не се намалува играњето на игрите на среќа, ниту ризиците кои ги носат, туку се отвора ново поле за нелегален профит и ризик за играчите.
Инаку во Албанија, овој закон за забрана на игри на среќа стапи на сила во 2018 година, кога стотици објекти за игри на среќа, меѓу кои и обложувалници, беа затворени, а обид беше направен да се укинат и сите веб-страници за он-лајн игри на среќа.
Од Асоцијацијата велат дека ваквиот потег отвори фронт за нелегалното обложување кое процвета кај нашиот сосед и ѝ создаде сериозна работа на полицијата бидејќи апсења поради дивите обложувања имаше секоја недела.
Поради овие случувања, како што се додава, командантот на албанската државна полиција, Тонин Вочај, изрази поддршка за враќањето на легалното обложување, изјавувајќи дека предлага ревизија на законот за обложување и за формализација на онлајн спортските обложувања, исто така, бидејќи оваа активност е легална во другите земји.
Поддршка за враќање на легалното обложување дојде и од премиерот на Албанија, Еди Рама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот
Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
Како што појасни, на едното бил изгубен печатот. На останатите две, биле направени обиди да се замени уредот за биометриска верификација, пришто гласањето во едниот случај продолжило па прекинало, а во вториот не продолжило.
„Тоа се трите места за коишто имаме добиено писмено известување. Ќе видиме вечер за што точно се работи и ќе одлучиме“, рече Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Од ДИК појаснуваат дека се работи за прекин за повеќе од три часа, додека онаму каде што имало помали прекини, гласањето ќе се продолжи за онолку време колку што било прекинато.
На сите останати гласачки места, гласањето тече нормално и мирно, додаваат.
Пред полноќ се очекува да бидат обработени над 50 отсто од гласовите и ДИК да ги објави првичните неофицијани резултати.
Во однос на информациите за починати луѓе на избирачкиот список од ДИК обазложија дека оние коишто ќе починат 30 дена пред гласњето ги има на избирачкиот список, бидејќи тој е веќе заклучен. Велат дека списокот се ажурира неколкупати годишно во координација со Управа за водење на матични книги.
Македонија
Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори
До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.
Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто.
Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно.
Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9 отсто.
Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како неуредни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.
Македонија
Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати
Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки ливчиња додека го остварувале своето право на глас, објави МВР.
-Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во извештајот на МВР.