Македонија
Распишан конкурс за новинарски текст на тема: „Тебе, граду мој“
По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“, која ќе се одржи од 25 до 1 ноември 2019 година, во соработка со Градот Скопје распишува конкурс за новинарски текст на тема: „Тебе, граду мој“, со општа насока дека: авторските текстови треба да содржат проблемски, рефлексивни и визионерски аспекти за Градот и да ја афирмираат определбата за европско Скопје, без дневнополитички конотации.
Пристигнатите творби ќе конкурираат за три непарични награди: првата награда – лаптоп сметач, втората – андроид телефонски апарат и третата – андроид телефонски апарат или хард-диск.
Секоја од трите награди мора задолжително да биде доделена меѓу три од пристигнатите текстови.
Критериуми:
-На конкурсот своите текстови можат да ги пријават новинари на медиумите кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радиодифузните (ТВ-канали, радиостаници) и во интернет-медиумите (портали и блогови).
-Текстовите се испраќаат под полно име и презиме (без шифра или псевдоним) и со контактите на кандидатот (назив на медиумот за кој есеистот работи на новинарски задачи, телефон, адреса на е-пошта, придружени кон неговиот потпис. Сите овие податоци се испишуваат еден под друг, на крајната лева страна од самиот почеток на текстот.
-Секој автор може да учествува само со по еден текст.
-Во рамките на темата „Тебе, граду мој“, испратениот текст треба да содржи и сопствен, специфичен наслов.
-Текстот треба да содржи од 400 до 500 зборови (не) сметајќи ги растојанијата, во фонт Times new roman -12 со македонска поддршка.
-Текстовите на други теми, со дневнополитички потходи и оние кои го надминуваат споменатиот обем нема да бидат земени предвид.
-Новинарите од различни етнички припадности есеите можат да ги испратат во верзија напишана на својот мајчин јазик (во фонт Аriel -12, со поддршка на соодветнот јазик) и – во продолжение на истиот фајл – со превод на македонски.
-Есеите се ипраќаат на адресата на е-пошта: [email protected]
-Краен рок за испраќање на есеите е 5.11.2019 г.
-За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат известени веднаш по донесувањето на одлуката на Комисијата на овој конкурс, пред свеченото врачување на трите наградени трудови.
Наградите кои ќе ги изгласа тричлена комисијата на конкурсот ќе бидат врачени на 20.11.2019 година.
Проектот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници
Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.
„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.
Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.
„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.
Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.
Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.
Македонија
Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари
Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.
„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски.
Македонија
Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада
Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор бидејќи се прекршил Законот за техничката влада, соопшти заменик-министерката за финансии, Елена Петрова.
Како што вели, иако одлуките морало да бидат одобрени со нејзин потпис, како што предвидува Законот за техничката влада, министерот Бесими ги потпишал сам.
„Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната Влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист, со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК, кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии“, рече Петрова и додаде:
„Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството, кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер, не произведуваат правно дејство. Тоа се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и почнатите постапки врз основа на тие согласности“.