Македонија
Регистрирани вкупно 16 починати и 454 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 454 нови случаи на Ковид-19, од кои во: Скопје – 209, Куманово – 45, Штип – 22, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 12, Охрид и Струмица по 11, Кичево – 10, Кочани, Свети Николе и Кратово по 9, Тетово и Гевгелија по 7, Ресен – 5, Виница и Валандово по 4, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица по 3, Гостивар, Струга, Дебар и Демир Хисар по 2 и по еден зарзен во Берово и Крушево.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 9 починати лица: петмина од Скопје (84, 79, 66, 62 и 57 години), 2 починати лица од Куманово (63 и 30 години) и по едно починато лице од Гостивар (64) и Кавадарци (80). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 7 починати лица во периодот од 3 до 27 септември годинава. Од починатите, две лица се од Скопје и Струмица и по еден од Куманово, Кичево и Кавадарци, на возраст од 56 до 81 година. Од нив, двајца се починати во домашни, а 5 лица во болнички услови.
Вчера, регистрирани биле и 308 оздравени пациенти од: Скопје – 208, Струмица – 17, Тетово – 10, Велес и Битола по 8, Прилеп и Кочани по 7, Штип – 6, Дебар – 4, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Гостивар и Пробиштип по 3, Кавадарци, Кратово, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Делчево и Демир Капија по 2 и по еден оздравен од Виница, Валандово, Македонска Каменица и Богданци.
Направените 3.512 теста се преку: ИЈЗ – 321, ЦЈЗ Скопје – 69, ЦЈЗ Битола – 87, ЦЈЗ Прилеп – 42, ЦЈЗ Тетово – 60, ЦЈЗ Куманово – 70, Судска медицина – 2, Институт за микробиологија – 161, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 117, „Авицена“ – 130, „Биотек“ – 216, „Систина“ – 80, лабораторија „Лаор“ – 155, „Синлаб“ – 6, „Ремедика“ – 17, „Плодност“ – 39, „Генеа“ – 8, „Никоб лаб“ – 381, „ВФВ медикал“ – 88, „Ели медика“ – 39, „Ројал медика“ – 23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.319.
Досега во земјата се направени вкупно 1.286.091 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 190.915, бројката на оздравени пациенти е 172.179, на починати е 6.646, а бројот на активни случаи изнесува 12.090.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 83.054, Активни 5.588
Куманово 11.348, Активни 979
Тетово 10.810, Активни 915
Прилеп 9.030, Активни 303
Гостивар 7.954, Активни 476
Битола 7.070, Активни 278
Велес 6.194, Активни 331
Охрид 5.926, Активни 533
Кавадарци 5.887, Активни 229
Струмица 5.711, Активни 276
Штип 5.687, Активни 233
Кичево 3.958, Активни 416
Струга 3.777, Активни 367
Кочани 3.227, Активни 150
Гевгелија 2.402, Активни 83
Неготино 2.312, Активни 39
Свети Николе 1.883, Активни 113
Ресен 1.533, Активни 95
Радовиш 1.509, Активни 93
Дебар 1.449, Активни 111
Крива Паланка 1.421, Активни 97
Берово 1.207, Активни 30
Делчево 1.118, Активни 66
Виница 1.026, Активни 50
Пробиштип 909, Активни 32
Валандово 815, Активни 34
Кратово 564, Активни 61
Богданци 545, Активни 11
Крушево 527, Активни 20
Македонски Брод 466, Активни 28
Демир Хисар 437, Активни 25
Демир Капија 409, Активни 4
Пехчево 312, Активни 4
Македонска Каменица 299, Активни 20
Дојран 139, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.