Македонија
Регистрирани нови 554 случаи на коронавирус, починаа осум лица
Министерството за здравство информира дека, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип – 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4, Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2, Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица – по 2 пациенти од Скопје (77, 70) и по еден пациент од Прилеп (72), Кавадарци (73), Охрид (71), Ресен (68) Валандово (66) и од Дојран (64). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.477 теста преку: ИЈЗ – 575, ЦЈЗ Скопје – 90, „Авицена“ – 358, „Биотек“ – 601, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 151, „Систина“ – 294, „Лаор“ – 241, МАНУ – 0, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, ГАК – 0, „Синлаб“ – 50, „Ремедика“ – 15, ИБЗД Козле – 12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 997, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЛДП отвора нов штаб во Центар
Либерално демократската партија денеска ќе отвори нов штаб во центарот на Скопје, каде граѓаните ќе добијат можност да ја разгледаат програмата на партијата за претстојните избори, како и да споделат свои идеи врз основа на кои ќе се креираат политики со цел подобрување на социо-економската состојба во државата.
„Со години наназад докажуваме колку сме посветени да ја оствариме волјата на народот, неуморно го трасираме патот на земјата кон Европската унија и креираме политики со кои го подобруваме животот на граѓаните и ја унапредуваме државата на секое поле и токму во таа насока е отворањето на новиот штаб каде луѓето ќе можат да ги слушнат нашите планови за идното дејствување, да остварат личен контакт со членовите на партијата и да дадат свои предлози и сугестии врз основа на кои ќе ги создаваме идните политики“, посочија од ЛДП.
Оттаму наведоа дека се навистина среќни што имаат уште еден простор, што ќе преставува централно место, од каде што ќе се шират политиките што ги креира партијата.
„Водејќи се од нашето мото „Секој е важен“, упатуваме отворена покана до сите граѓаните до го посетат штабот и лично со нас да зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат за заеднички да правиме суштински промени кои ќе ја водат државата напред“, истакнаа од ЛДП.
Од партијата наведоа дека очекуваат голема поддршка од граѓаните на претстојните избори, бидејќи нивните заложби се во вистинска насока.
„Секојдневно сме меѓу граѓаните, ги слушаме нивните мислења, бидејќи навистина ни значи да создаваме политики со кои ќе го подобриме животот во Македонија и ќе ги надминеме сите предизвици на патот кон ЕУ, за да станеме дел од Унијата, а со тоа, последователно, да ја унапредиме државата на секое поле“, наведоа од ЛДП.
Од партијата посочија дека вратите на новиот штаб се отворени за сите граѓани. Штабот е лоциран на улица „Ленинова“, спроти кафе-барот „Локал 45“.
Скопје
(Видео) Утрово се уриваше дивоградба во Ѓорче Петров: законот мора да важи подеднакво за сите
Утрово во скопско Ѓорче се уриваше дивоградба. Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски кој сподели видео од уривањето.
„Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но истата ги игнорираше нашите предупредувања. Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола“, рече градоначалникот Стојкоски.
Вели дека согласно законската регулатива, донеле Решение за отстранување на објектот и нема да отстапат од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.
„Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. Завршија деновите на провлекување и ‘дупки во законот’ за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото. Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите кои ќе намислат слично да постапуваат. Имајте во предвид дека никој нема да биде поштеден“, порача градоначалникот.
Македонија
Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки, велат од СДСМ
Пратеникот Антонио Милошоски од ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание, велат од СДСМ,
„Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе овој закон и да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство. Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен“, додаваат од СДСМ.
Како што велат,нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.
„Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем“, завршуваат од СДСМ.