Македонија
Регистрирани 1.197 новозаразени од коронавирус, 12 починати лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 766, Битола – 94, Прилеп – 56, Кавадарци – 38, Велес – 31, Охрид – 24, Гевгелија – 23, Куманово – 18, Ресен – 16, Тетово – 15, Штип и Струмица – по 12, Кочани – 11, Кичево, Неготино, Крива Паланка и Радовиш – по 10, Делчево и Валандово – по 7, Струга и Богданци – по 5, Гостивар и Свети Николе – по 4, Македонски Брод – 3, Берово, Пробиштип, Демир Хисар, Крушево, Демир Капија и Дојран – по 1 лице.
Регистриран e 331 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 174, Прилеп – 30, Битола – 21, Кавадарци – 16, Охрид – 13, Штип – 12, Гевгелија и Куманово – по 9, Струмица – 8, Велес, Ресен, Крива Паланка, Радовиш и Демир Капија – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Неготино и Валандово – по 2, Кичево, Македонски Брод, Пробиштип, Дојран, Виница и Кратово – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: по 3 од Скопје (55, 82 и 88) и Битола (60, 69 и 90), 2 од Охрид (68 и 79) и по едно починато лице од Прилеп (68), Велес (68), Валандово (41) и од Струга (88). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 3 лица, по едно од Скопје (72), Валандово (85) и Гевгелија (82). Од пријавените лица, две се починати во болнички, а едно во домашни услови. Починатите лица се пријавени со дата на смрт од 23.12.2021 до 2.1.2022.
Направени се 7.483 теста преку: ИЈЗ – 342, ЦЈЗ Скопје – 78, ЦЈЗ Битола – 89, ЦЈЗ Прилеп – 62, ЦЈЗ Тетово – 14, ЦЈЗ Куманово – 90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 18, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 8, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 167, „Авицена“ – 333, „Биотек“ – 447, „Систина“ – 145, лабораторија „Лаор“ – 451, „Синлаб“ – 68, „Ремедика“ – 16, „Плодност“ – 83, „Генеа“ – 39, „Никоб лаб“ – 677, „ВФВ медикал“ – 72, „Ели медика“ – 130, „Ројал медика“ – 70, „Спектра-ММ“ – 29, „Рапид лаб“ – 28, „Жан Митрев Струмица“ – 17, „Нова лаб дијагностика“ – 7, „Рамус“ – 8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 3.994.
Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667.
Според епидемиолошките анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 100.317, Активни 3.135
Куманово 13.187, Активни 109
Тетово 11.454, Активни 64
Прилеп 10.944, Активни 346
Битола 9.484, Активни 419
Гостивар 8.098, Активни 24
Велес 7.569, Активни 130
Кавадарци 7.534, Активни 212
Охрид 6.910, Активни 256
Штип 6.796, Активни 83
Струмица 6.360, Активни 150
Кичево 4.354, Активни 73
Кочани 4.133, Активни 48
Струга 3.959, Активни 39
Гевгелија 3.002, Активни 116
Неготино 2.663, Активни 47
Свети Николе 2.161, Активни 20
Крива Паланка 1.978, Активни 36
Ресен 1.916, Активни 98
Радовиш 1.834, Активни 43
Берово 1.484, Активни 11
Делчево 1.481, Активни 34
Дебар 1.459, Активни 1
Виница 1.180, Активни 2
Пробиштип 1.145, Активни 6
Валандово 1.061, Активни 56
Кратово 791, Активни 3
Богданци 698, Активни 31
Демир Хисар 651, Активни 17
Крушево 610, Активни 12
Македонски Брод 549, Активни 31
Демир Капија 439, Активни 6
Македонска Каменица 430, Активни 6
Пехчево 359, Активни 0
Дојран 178, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
Македонија
Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми
Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици ќе ги претстават своите платформи пред граѓаните во повеќе делови од државата. Во исто време продолжува и кампањата за претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи в среда, на 24 април, додека вториот круг треба да се одржи заедно со парламентарните избори на 8 мај.
Кандидатот за претседател поддржан од коалицијата на СДСМ Стево Пендаровски во рамки на изборниот караван денеска ќе ги посети жителите на Ново Село, Босилово, Василево, а митинзи ќе одржи во Радовиш и во Струмица.
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево.
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски и коалицијата „Храбро за Македонија“ ќе одржат митинг во скопската населба Карпош, а кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Ресен, Претор, Новаци и во Битола.
Во рамки на третиот ден од кампањата за парламентарни избори, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и на Тетово.