Македонија
Регистрирани 118 нови случаи на Ковид-19, починаа четворица заболени од Скопје
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 55, Куманово – 9, Дебар – 1, Штип – 1, Прилеп – 4, Тетово – 20, Струга – 2, Велес – 2, Битола – 1, Охрид – 9, Гостивар – 4, Гевгелија – 1, Струмица – 2, Свети Николе – 1, Кичево – 1, Ресен – 5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Штип – 3, Прилеп – 5, Тетово – 24, Велес – 1, Гостивар – 4.
Во болницата „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58) примен на 9 јуни, пациент (73) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72) на 21 јуни, а денеска е потврден неговиот позитивен резултат.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати се 251. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.012. Од вчерашните тестирања три се контролни, а во согласност со новите податоци, статистиката по градови е следна:
• Скопје 2588, активни 1734
• Куманово 703, активни 250
• Дебар 83, активни 31
• Штип 276, активни 186
• Прилеп 235, активни 17
• Тетово 558, активни 322
• Струга 181, активни 101
• Велес 169, активни 34
• Битола 43, активни 14
• Охрид 120, активни 100
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 87, активни 50
• Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 12, активни 8
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 9, активни 6
• Ресен 70, активни 69
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјава се направени вкупно 53,248 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на Ковид-19.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи по скопските општини заклучно со вчера е следна:
• Чаир – 402
• Аеродром – 136
• Бутел – 138
• Гази Баба – 150
• Центар – 131
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 80
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 49
• Илинден – 31
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 15
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонски концепт: Ја поздравуваме одлуката на кандидатот Пендаровски да го истрча и вториот круг
Колку беше важна победата на кандидатката Гордана Силјановска Давкова во првиот круг, толку е важна одлуката на кандидатот Стево Пендаровски да го истрча и вториот круг и да не ги бојкотира претседателските избори, велат од Македонски концепт.
„Бојкот никогаш не бил решение, ниту на Референдуми, ниту на Попис на население, ниту пак на Избори. Мора да се почитува волјата на народот и да биде мирно предадена власта на победничката Коалиција „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО ДПМНЕ, а чиј дел е и нашата партија Македонски Концепт.
Партијата Македонски Концепт честита на огромното водство на кандидатката Гордана Силјановска Давкова, што е резултат на нашите политики за обединување на опозицијата, нешто што го депласираше и детронизирање ДУИ и нивните сдса измеќари, а со цел уште поголема победа во вториот круг на 8ми Мај, повикуваме на уште поголемо обединување и окрупнување на Коалицијата „Твоја Македонија“ со останати добронамерни политички партии и членови и симпатизери на останати партии, чии водства се платеници на ДУИ, но нивните поддржувачи се искрени Македонци и искрено се радуваат на оваа голема македонска победа.
Македонски Концепт го реафирмира својот став за граѓански концепт на Уставот на државата и ги повикува сите македонски граѓани, без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност, да се вклучите во нашите активности и на 8ми Мај да дадете поддршка на Коалицијата „Твоја Македонија“ и број 2 на гласачкото ливче и за претседателски и за парламентарни избори“, велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8. мај
Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација на Македонија, порача ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од претседателските избори.
„Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.
Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.
На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.
По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.
Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.
Македонија повторно твоја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите
Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде како и во 2019 година ќе се соочи со нејзиниот опонент Стево Пендаровски.
Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, или 40,08 отсто, додека Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто.
Зад нив е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа (13,36 отсто), потоа Максим Димириевски од ЗНАМ со 83.787 гласа (9,26 отсто), Арвен Таравари од ВРЕДИ со 83.356 гласови (9,21 отсто). Следна е Билјана Ванковска од Левица со освоени 41.172 гласа (4,55 отсто) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 0,90 отсто, односно 8.103 гласови.
Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните.