Македонија
Регистрирани 139 новозаразени и шестмина починати од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 36, Куманово – 11, Дебар – 2, Штип – 11, Прилеп – 1, Тетово – 14, Струга – 8, Велес – 4, Битола – 2, Кавадарци – 5, Гостивар – 16, Струмица – 1, Крушево – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Виница – 6, Свети Николе – 1, Кичево – 15 и еден во Ресен.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 353, Куманово – 61, Дебар – 17, Штип – 27, Прилеп – 5, Тетово – 17, Струга – 4, Велес – 4, Охрид – 3, Гостивар – 14, Струмица – 4, Крушево – 1, Кочани – 2, Пробиштип – 8, Свети Николе – 5, Кичево – 7 и двајца од Ресен.
Од Министерството објаснуваат дека во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се од изминатиов период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје.
Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76). Петмина пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.754, бројката на оздравени пациенти е 6.554, на починати е 486, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 3.714. Од вчерашните, 2 теста се контролни и се евидентираат денес.
Во моментот статистиката на активни случаи по градови е слена:
• Скопје 4.811, активни 1.488
• Куманово 1.049, активни 246
• Дебар 195, активни 108
• Штип 820, активни 425
• Прилеп 331, активни 53
• Тетово 1042, активни 226
• Струга 449, активни 195
• Велес 220, активни 18
• Битола 137, активни 72
• Охрид 272, активни 84
• Кавадарци 60, активни 43
• Гостивар 440, активни 260
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 36, активни 20
• Крива Паланка 24, активни 10
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 99, активни 23
• Пробиштип 52, активни 20
• Демир Хисар 31, активни 27
• Македонски Брод 20, активни 16
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 2
• Валандово 6, активни 0
• Виница 14, активни 10
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 7
• Свети Николе 222, активни 175
• Кичево 157, активни 102
• Ресен 146, активни 32
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 102.317 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 10 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 84. На кислородна поддршка се 46 лица, а нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 возрасни лица позитивни на Ковид-19 и едно дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 лица.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 31, а во болницата во Штип – 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 113 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во сoгласност со новите податоци бројот на активни случаи во скопските општини денеска е следен:
• Чаир – 171
• Аеродром – 171
• Бутел – 97
• Гази Баба – 145
• Центар – 130
• Карпош – 136
• Сарај – 78
• Кисела Вода – 157
• Ѓорче Петров – 107
• Студеничани – 64
• Шуто Оризари – 117
• Арачиново – 26
• Илинден – 23
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 9
• Сопиште – 23
• Зелениково – 7
• Странец – 4
• Нераспределен – 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковски: Разликата е над 150 илјади, обработени се 75 отсто од гласовите
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека разликата е над 150 илјади во корист на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, по обработени над 75 отсто од гласовите.
Тој најави дека во 22 часот ќе има обраќање Силјановска Давкова, а во 22 и 30 ќе се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Македонија
Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг
Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Со оглед на поразот, рече дека не е задоволен од изборниот резултат.
„Јас ја одржувам оваа прес-конференција со цел да го признам поразот на овие претседателски избори, а воедно да ѝ честитам на водството на госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова и да ѝ посакам среќа во вториот изборен круг. Дали резултатите се задоволувачки-според мене нормално дека не се задоволувачки. Далеку се од очекувањата. Како и да е битно беше дека граѓаните на Република Македонија имаа избор. Избираа меѓу седум свои кандидати. Дали биле во право за тоа што го избрале, ќе видиме после пет години. Се надевам дека сите ќе бидеме живи и здрави и после пет години ќе констатираме дали изборот бил добар или не“, рече Јакимовски.
За да признае пораз тој не дочека Државната изборна комисија да ги преброи гласовите од сите избирачки места. Се прогласи за поразен со 60 отсто обработени гласови и освоени 4997 гласа.
Според досега обработените гласови во водство е Гордана Сиљановска-Давкова со 197741 глас, повеќе од двојн помалку гласови има актуелниот претседател Стево Пендаровски за кого гласале 97592 граѓани, зад него е Бујар Османи со 81.748 гласови, Арбен Таравари со 9591 гласа, Максим Димитриевски со т42296 гласа и Билјана Ванковска-Цветковска со освоени 23..472 гласа
Македонија
Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција
Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените се почнати. На првата прес-конференција по затворањето на избирачките места тој рече дека очекува победа на 8 мај.
„Земјотресот по се изгледа дека денеска почна со масовното учество на граѓаните во изборите, а се надевам дека на 8 мај ВЛЕН ќе победи и ќе дојде долго очекуваната промена ДУИ да биде во опозиција“, рече Таравари.
Тој јавно се заблагодари на граѓаните за масовниот одѕив и изрази надеж дека набљудувачите нема да дозволат злоупотреби на гласовите.
„Сега веќе се знае дека на овие избори имаше многу помасовно излегување на гласање отколку претходните избори што зборува дека промените ни се приближуваат и ни доаѓаат. Ние како ВЛЕН сме пресреќни дека добивме гласови генерално од Албанците. Сега веќе промените се внатре во кутиите кои веќе се отвораат. Се надевам дека нашите набљудувачи ќе ги контролираат и нема да дозволат да има злоупотреби и ќе се гарантира секој глас кој што е даден на демократски начин дека ќе излезе на површина“, рече Таравари.