Македонија
Регистрирани 153 нови случаи на Ковид-19, починаа шестмина пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 66, Куманово – 13, Штип – 13, Прилеп – 2, Тетово – 20, Струга – 7, Битола – 1, Охрид – 7, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 6 и Ресен – 12.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Штип – 13, Прилеп – 1, Тетово – 3, Струга – 2, Велес – 1, Охрид – 3, Кавадарци – 1, Гевгелија – 2, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Починати се шест лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Во болницата „8 Септември“ по прием е починат пациент (53) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61), лекуван болнички до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75) хоспитализиран на 24 јуни.
Во ОБ Охрид почина пациент (68) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164. Од вчерашните тестирања три се контролни, а во моментов статистикана на заразени по градови изгледа вака:
• Скопје 2.730, активни 1.800
• Куманово 723, активни 268
• Дебар 83, активни 31
• Штип 290, активни 184
• Прилеп 240, активни 20
• Тетово 603, активни 355
• Струга 389, активни 107
• Велес 171, активни 30
• Битола 44, активни 15
• Охрид 131, активни 107
• Кавадарци 11, активни 5
• Гостивар 91, активни 52
• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 13, активни 9
• Крива Паланка 13, активни 7
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 63, активни 27
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 20, активни 18
• Кичево 16, активни 12
• Ресен 85, активни 83
• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5, Систина со PCR-метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на Ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.
Во „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Бројот на активни случаи во Скопје, распореден по општини, заклучно со вчера изгледа вака:
• Чаир – 416
• Аеродром – 141
• Бутел – 136
• Гази Баба – 151
• Центар – 123
• Карпош – 121
• Сарај – 138
• Кисела Вода – 109
• Ѓорче Петров – 88
• Студеничани – 94
• Шуто Оризари – 77
• Арачиново – 51
• Илинден – 32
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 17
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 3
• Нераспределен-7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот
Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.
Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.
Ова се случува откако вчера на прес-конференција заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.
Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант- барал урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.
За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.
Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.
Македонија
Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, со доумерен ветер и со снег на повисоките места.
Кога се оди со возило на планините е препорачливо да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот, велат од ЦУК.
„Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации“, се наведува во соопштението.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
„Во реонот на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, во повеќе наврати ќе се извршат минирања на теренот“, информираат од ЦУК.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.