Македонија
Регистрирани 193 новозаразени и тројца починати
Во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-4, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-15, Велес-1, Битола-3, Кавадарци-1, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-15, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-2, Виница-5, Делчево-2, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-2, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти од: Скопје-19, Куманово-9, Штип-3, Тетово-3, Струга-6, Охрид-5, Кавадарци-3, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-2, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-1.
Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Скопје (81г.), од Кичево (67г.) и од Струга (77г.).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.790, бројката на оздравени пациенти е 15.341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2693.
Денес се евидентираат три контролни теста. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 7386, активни 966
• Куманово 1799, активни 181
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1280, активни 62
• Прилеп 722, активни 147
• Тетово 1487, активни 161
• Струга 685, активни 43
• Велес 338, активни 32
• Битола 331, активни 76
• Охрид 437, активни 32
• Кавадарци 252, активни 47
• Гостивар 947, активни 84
• Гевгелија 139, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 19 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 298, активни 181
• Крива Паланка 124, активни 38
• Радовиш 101, активни 37
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 417, активни 183
• Пробиштип 117, активни 19
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 5
• Пехчево 46, активни 4
• Берово 126, активни 48
• Валандово 46, активни 31
• Виница 124, активни 35
• Делчево 169, активни 84 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 373, активни 59
• Кичево 334, активни 35
• Ресен 166, активни 8
• Неготино 58, активни 11 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1350 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-358, Биотек-199, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-82, Систина со PCR метода -109, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-6, ГАК-11, Синлаб-22, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 1 дете и 1 мајка позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 10, а во болницата во Штип се 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 185, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 64
• Гази Баба – 108
• Аеродром – 170
• Карпош – 138
• Центар – 158
• Кисела Вода – 112
• Ѓорче Петров – 68
• Бутел – 38
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 9
• Сарај – 16
• Арачиново – 5
• Илинден – 34
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 10
• Нераспределен-0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родово заснованото насилство на националните телевизии во фокусот на првиот јавен состанок на АВМУ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.
Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, активностите на полето на меѓународната соработка.
На состанокот беа презентирани и наодите од Истражувањето за начинот на известување за родово заснованото насилство во информативните програми на националните телевизии во 2023 година, кое за потребите на Агенцијата го изработи Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во него се опфатени првите десет дена од месеците јануари, февруари и март 2023 година.
Истражувањето опфаќа две целини, од кои едната се однесува на прилози кои прикажуваат конкретни случи/настани на родово засновато насилство, додека втората, на прилози кои презентираат одредени состојби поврзани со оваа појава, како податоци од истражувања, статистички податоци, однос на релевантните институции и мерките што тие ги преземаат.
Од анализирани прилози, идентификувани се 22 кои обработуваа конкретни настани што се однесуваат на родово засновано насилство. Анализата покажа дека тие се најчесто во форма на вест или извештај, актерите и изворите на информации се прецизно наведени и најчесто се емитуваат на крајот на иформативните емисии.
Во однос на прилозите кои го обработуваа родово заснованото насилство како појава, идентификувани се 11 прилози, во кои најчестите типови на насилство беа видови на економско насилство, фемицидот, семејното и психолошкото насилство.
Целото Истражување е достапно на веб страницата www.avmu.mk.
Македонија
Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“ во организација на ТИРЗ и Кабинет на ЗПВ Битиќи.
Денешната трибина, ја посочи претседателот Ковачевски, како добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.
Ковачечевски истакна дека за силна економија е потребно ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите.
Справување со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ, вели Ковачевски.
„Економијата и поддршката на компаниите и инвестициите беа високо на агендата на Владата која јас ја предводев и на претходната Влада, природно доаѓа тоа бидејќи јас сум економист, но уште поприродно доаѓа во време на криза кога мора да работите прво на спасување на ликвидноста на компаниите, второ спас на работните места и трето одржување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека секој е погоден од кризата и компаниите и граѓаните и оние што се најзасегнати а тоа се ранливите категории на граѓани. И затоа во изминатите 7 години ние генерално имавме многу силен акцент ставено на економијата“, истакна Ковачевски.
Додаде дека со 100 милиони евра Владата предводена од СДСМ поддржа 919 компании, за разлика од 2017 година, кога имало нула поддршка за домашните компании. Во последниот деветти пакет во вредност 662 милиони евра, 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризни мерки се вратија назад кај граѓаните и стопанството.
Ковачевски, особено се осврна на домашните компании кои се двигател на економијата.
„До 2017 година македонскиот работник беше евтина работна сила и компаниите имаа нула поддршка. Јасна е разликата кога ќе ви кажам дека изминатите 6 години, 919 домашни компании добија поддршка во вредност од 100 милиони евра со кои тие реализираа 500 милиони евра инвестиции“, рече тој додавајќи дека секоја стратешка одука што ја имал како премиер има стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места.
Македонија
Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“.
Директорот на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски објави дека во март Националната агенцијата добила известување за конечност на одлуката за поврат на средствата.
Се работи за милиони евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година, а во извештајот се наведува дека постојат наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија, беше посочено.
Ѓоргиевски рече дека заедно со Владата се обидуваат преку интензивна комуникација и во координација со релевантни европски институции, да се најде најсоодветно решение како да се реализира овој поврат и како да не се повторуваат вакви случаи во иднина.
Како што соопшти, предметот е во рацете на Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка која се води, не може да соопшти повеќе детали.