Македонија
Регистрирани 312 нови случаи на Ковид-19, починаа 5 лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.605 теста, а регистрирани се 312 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 181, Прилеп – 17, Битола и Кавадарци – по 13, Куманово – 12, Охрид – 11, Велес и Гостивар- по 8, Струмица – 7, Гевгелија – 6, Ресен – 5, Штип – 4, Тетово, Кичево, Берово и Кратово – по 3, Кочани, Струга, Радовиш, Крива Паланка, Валандово и Виница – по 2, Неготино, Дебар и Крушево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (312), регистрирани се 51 реинфекција.
Регистрирани сe 290 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 146, Прилеп – 29, Куманово – 18, Битола и Велес – по 13, Кавадарци – 12, Ресен – 10, Кичево – 8, Гостивар и Тетово – по 6, Струмица – 5, Берово, Крива Паланка и Виница – по 3, Штип, Кочани, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Кратово, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Богданци и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Радовиш (77), починало во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (3) и Крива Паланка (1). Починатите се пријавени во периодот од 19.2. до 9.3.2022 година. Пријавените лица се на возраст од 66 до 88 години. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и две во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (5), кај 4 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.605 теста преку: ИЈЗ – 271, ЦЈЗ Скопје – 79, ЦЈЗ Битола – 73, ЦЈЗ Прилеп – 43, ЦЈЗ Тетово – 2, ЦЈЗ Куманово – 50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 16, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 123, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 59, „Авицена“ – 59, „Биотек“ – 124, „Систина“ – 69, лабораторија „Лаор“ – 91, „Синлаб“ – 10, „Ремедика“ – 18, „Плодност“ – 14, „Генеа“ – 8, „Никоб лаб“ – 197, „ВФВ медикал“ – 80, „Ели медика плус“ – 22, „Ројал медика“ – 8, „Спектра-ММ“ – 10, „Рапид лаб“ – 11, „Жан Митрев Струмица“ – 10, „Нова лаб дијагностика“ – 3, „Рамус“ – 13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.137.
Досега во земјата се направени вкупно 1.925.963 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.895, бројот на оздравени пациенти е 290.907, на починати е 9.155, а бројот на активни случаи изнесува 1.833.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 141.095, Активни 982
Куманово 16.408, Активни 71
Битола 14.474, Активни 125
Прилеп 13.800, Активни 129
Тетово 13.379, Активни 44
Кавадарци 10.285, Активни 65
Велес 9.598, Активни 70
Гостивар 9.495, Активни 30
Охрид 8.600, Активни 68
Струмица 7.951, Активни 28
Штип 7.939, Активни 17
Кичево 5.493, Активни 32
Кочани 5.004, Активни 21
Струга 4.666, Активни 12
Гевгелија 4.307, Активни 21
Неготино 3.632, Активни 11
Ресен 2.642, Активни 21
Свети Николе 2.607, Активни 1
Радовиш 2.493, Активни 9
Крива Паланка 2.395, Активни 11
Делчево 1.902, Активни 2
Дебар 1.659, Активни 12
Берово 1.634, Активни 3
Валандово 1.464, Активни 5
Виница 1.365, Активни 14
Пробиштип 1.258, Активни 1
Богданци 1.008, Активни 5
Кратово 951, Активни 11
Крушево 913, Активни 4
Демир Хисар 821, Активни 5
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 582, Активни 1
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 340, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот на промени за стабилна и силна Македонија
Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ е најбројната досега коалиција составена од 24 политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“. Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт“, нагласи Мицкоски.
Според него, основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста.
„Нагласувајќи го разорното дејство на криминалот и корупцијата на актуелната владејачка клика, остануваме посветени на економската модернизација на татковината. Во таа насока се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти. Манифестираме јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираме реформи кои ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија бидејќи цврсто веруваме дека борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и подобар стандард на македонските граѓани“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелира да има масовна излезеност на овие избори бидејќи, како што рече, неизлегувањето на овие избори подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска, на граничниот премин Ќафасан полициски службеници го привеле Т. С. Т. (48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.
Македонија
Тошковски се сретна со амбасадорот на Турција: врвен приоритет е склучување билатерален договор за соработка во областа на безбедноста
Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и заменик-министерот Назим Буши остварија работна средба со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој.
Министерот Тошковски на новоименуваниот амбасадор Улусој му посака пријатен престој и успешно вршење на амбасадорската функција со желби за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На средбата беа отворени тековни прашања од соработката во областа на безбедноста, внатрешните работи и конзуларни прашања во надлежност на Министерството за внатрешни работи за што се потврдија заложбите за искрена соработка на овие теми.
Една од главните заложби е одржувањето на стабилноста и безбедноста на регионот за што двајцата соговорници се согласија дека од врвен приоритет е склучувањето на билатералниот договор за соработка во областа на безбедноста, кој е во фаза на заемно усогласување.