Македонија
Регистрирани шест нови случаи на Ковид-19, нема починати лица
Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на Ковид-19 од:
Скопје – 3, Тетово – 2 и Струмица – 1 лице.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје, Тетово, Делчево и Крушево – по 1 лице.
Не се регистрирани починати лица, информира МЗ.
Направени се 3.147 тестови преку: ИЈЗ-388, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–20, МАНУ-49, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Авицена-210, Биотек-185, Систина-125, лабораторија Лаор-220, Синлаб-19, Ремедика-12, Плодност–40, Генеа–45, Никоб лаб-415, ВФВ Медикал-25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.103.
Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68656, Активни 88
Куманово 8882, Активни 28
Прилеп 8327, Активни 18
Тетово 7248, Активни 22
Битола 6305, Активни 7
Велес 5473, Активни 5
Гостивар 5181, Активни 7
Кавадарци 5154, Активни 1
Охрид 5019, Активни 17
Штип 4961, Активни 1
Струмица 4119, Активни 6
Струга 2981, Активни 1
Кочани 2792, Активни 1
Кичево 2596, Активни 16
Гевгелија 2195, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1524, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 5
Радовиш 1161, Активни 1
Берово 1029, Активни 0
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 2
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 2
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.