Македонија
Регистрирани 86 нови случаи на Ковид-19 и едно починатo лицe
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 2.359 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 46, Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), починато во болничку услови. Кај лицето се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.359 тестови преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-87, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-16, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-7, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–77, Жан Митрев (Филип Втори)-39, Авицена-40, Биотек-55, Систина-43, лабораторија Лаор-40, Синлаб-9, Ремедика-6, Плодност-13, Генеа-33, Никоб Лаб-287, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-11, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–33, Жан Митрев Струмица–5, Нова лаб дијагностика–4, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.269.
Досега во земјата се направени вкупно 2.003.269 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145209, Активни 422
Куманово 16615, Активни 9
Битола 15193, Активни 127
Прилеп 14121, Активни 39
Тетово 13445, Активни 13
Кавадарци 10609, Активни 21
Велес 9749, Активни 32
Гостивар 9575, Активни 18
Охрид 8821, Активни 22
Струмица 8047, Активни 14
Штип 8002, Активни 9
Кичево 5603, Активни 8
Кочани 5070, Активни 2
Струга 4715, Активни 8
Гевгелија 4397, Активни 5
Неготино 3674, Активни 6
Ресен 2711, Активни 2
Свети Николе 2624, Активни 1
Радовиш 2527, Активни 3
Крива Паланка 2413, Активни 0
Делчево 1971, Активни 4
Дебар 1673, Активни 0
Берово 1646, Активни 6
Валандово 1485, Активни 5
Виница 1387, Активни 1
Пробиштип 1265, Активни 1
Богданци 1019, Активни 0
Кратово 962, Активни 0
Крушево 926, Активни 1
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 592, Активни 1
Македонска Каменица 523, Активни 1
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 345, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука