Македонија
Регистрирани 81 новозаразен од коронавирус, нема починати
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 17.6 до 19.6.2022) направени се 1.972 теста, а регистрирани се 81 нов случај на Ковид-19: Скопје – 53, Битола и Прилеп – по 5, Велес – 3, Куманово, Тетово и Струга – по 2, Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 124 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 90, Битола – 7, Прилеп и Кавадарци – по 3, Куманово, Тетово, Струга, Штип, Струмица, Неготино и Дебар – по 2, Велес, Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 17 до 19.6.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.972 теста преку: ИЈЗ-165, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-25, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–42, Жан Митрев (Филип Втори)-40, Авицена-36, Биотек-80, Систина-34, лабораторија Лаор-21, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-46, Генеа-33, Никоб лаб-108, ВФВ медикал-9, Ели медика плус-19, Ројал медика–0, Спектра-ММ-1, Рапид лаб–19, Жан Митрев Струмица–5, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.179.
Досега во земјата се направени вкупно 2.072.171 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.960, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147.633, Активни 247
Куманово 16.691, Активни 7
Битола 15.739, Активни 22
Прилеп 14.231, Активни 8
Тетово 13.498, Активни 11
Кавадарци 10.705, Активни 6
Велес 9.805, Активни 4
Гостивар 9.616, Активни 4
Охрид 8.953, Активни 15
Штип 8.087, Активни 4
Струмица 8.084, Активни 5
Кичево 5.658, Активни 4
Кочани 5.103, Активни 3
Струга 4.732, Активни 2
Гевгелија 4.426, Активни 1
Неготино 3.700, Активни 0
Ресен 2.753, Активни 1
Свети Николе 2.637, Активни 0
Радовиш 2.531, Активни 0
Крива Паланка 2.419, Активни 0
Делчево 1.986, Активни 0
Берово 1.693, Активни 1
Дебар 1.681, Активни 0
Валандово 1.488, Активни 0
Виница 1.396, Активни 1
Пробиштип 1.268, Активни 1
Богданци 1.022, Активни 1
Кратово 966, Активни 0
Крушево 931, Активни 1
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 741, Активни 2
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Николоски: Како носител на ИЕ 4 за мене најдрага е победата на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно
Денес продолжуваме со кампањата за парламентарните и претседателските избори, денеска се спојуваат повторно двете кампањи. Продолжуваме тука од Струмица каде што планираме големи проекти по формирање на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам сите граѓани да ја прочитаат нашата програма Платформа 1198 каде што нудиме решенија за најкрупните проблеми на граѓаните, пред се во делот на владеење на правото и воспоставување на функционален систем на владеење на правото и правна држава, понатаму економскиот развој, решенија за состојбите во образованието и во здравството, поддршка за пензионерите, но и за најмладите преку проектот „Купи куќа“ и бројни други проекти кои што ги имаме во Платформата 1198, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.
„За нас е огромна привилегија поддршката која што ја добивме вчера, сметаме дека резултатот кој што вчера го постигна Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ е обврска во следните две недели уште поинтензивно да се среќаваме со сите кои што сакаат да се сретнат со нас, да го објасниме нашиот концепт и визија и да ја побараме поддршката. Очекувам на 8 мај да има убедлива победа за Гордана Силјановска Давкова и најмногу пратеници за ВМРО-ДПМНЕ кој што ќе овозможат стабилна влада која што нема да биде уценува од никого и кој што ќе овозможат во опозиција да одат и СДСМ, но и политичката партија ДУИ“, кажа тој.
Додаде дека е среќен како носител во ИЕ 4 што имаат победа во Струмица.
„Тоа мислам дека е голем сигнал не само за Струмица, не само за струмичката околија туку за цела Македонија. Победата за Струмица за мене е најдрага од сите победи вчера, сакам да се заблагодарам на тимот позади мене, во следните две недели ќе работиме уште поинтензивно за да имаме уште поубедлива победа и Струмица конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е економски развој и воведување на функционална правна држава каде што ќе има јасно владеење на правото, а не она што се случуваше во годините наназад“, рече Николоски.
Македонија
Стојчевски: Родена е третата политичка сила во македонскиот политички блок
Даниел Стојчевски, носителот на листата на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија во ИЕ 2 истакна дека е родена третата политичка сила во македонскиот политички блок.
„Граѓаните испратија јасна порака. Изборното востание со својата незапирлива позитивна енергија се шири низ цела Македонија. На граѓаните им е доста од неказнета корупција,неправда,сиромаштија,лажни ветувања и криминална власт. Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија,искрено и чесно сме посветени на идејата нашата татковина да ја иградиме како просперитена држава во која обединето живеат среќни граѓани ,и никогаш нема да дозволиме граѓаните да бидат поделени по политичка, етничка или верска припадност“, истакна Стојчевски.
Се заблагодари на подршката на граѓаните и гласот кој го дале за како што рече, просперитетна Македонија.
„Ви благодариме за довербата која ни ја давате, да стигнеме до нашата заедничка цел, да ја видиме Македонија таму каде што заслужува да биде“, посочи тој.
Македонија
Таравари по веста дека имал тајна средба со Ахмети: Тоа е лага, но навикнат сум на понудите на Ахмети и не би било изненадување доколку дојде до мене
Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“, Арбен Таравари ја демантира веста дека вчера тајно се сретнал и добил понуда од претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по резултатите од претседателските избори.
„Со жалење денеска од еден многу сериозен албански медиум дознав дека синоќа се сретнав со господинот Ахмети и други функционери на ДУИ, за да слушнам понуда од господинот Ахмети. Не, не е вистина“, пишува Таравари ан социјалните мрежи.
„Кој ја кажал оваа вест лаже“, додава тој во напишаното.
„Синоќа му честитав на мојот тим и мирно денес продолжуваме со нашата работа кон промена! Навикнат сум на понудите на Ахмети и мислам дека не би било изненадување доколку дојде до мене, но оваа вест е лажна“, потенцира Таравари.