Македонија
Рекордни 40 смртни случаи и 591 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.683 тестирања, а регистрирани се 591 нов случај на Ковид-19, и тоа: Скопје-218, Куманово-47, Штип-21, Прилеп-26, Тетово-28, Струга-2, Велес-24, Битола-36, Охрид-2, Кавадарци-9, Гостивар-46, Струмица-22, Крива Паланка-4, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-10, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-16, Кичево-29, Ресен-6, Неготино-15 и еден во Радовиш.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 439 оздравени пациенти, и тоа: Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2, Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Берово-5, Свети Николе-4, Неготино-14 и еден од Пехчево.
Починати се 40 лица, десет пациенти од Скопје (66, 66, 76, 61, 51, 72, 52, 83, 49 и 84 години), двајца од Куманово (по 77 години), тројца од Штип (70, 62 и 80 години), петмина од Прилеп (63, 62, 66, 54 и 64 години), еден пациент од Тетово (55), двајца од Струга (56 и 60 години), тројца од Велес (70, 51 и 89 години), тројца од Битола (69, 69 и 71 години), двајца пациенти од Кавадарци (67 и 78 години), тројца од Гостивар (71, 65 и 81 години), еден пациент од Дојран (56), еден од Струмица (84), еден од Крушево (76), еден од Свети Николе (68) и двајца пациенти од Кичево (75 и 81 година). Од нив еден пациент е починат вон, другите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47.636, бројката на оздравени пациенти е 27.803, на починати е 1.345, а бројот на активни случаи изнесува 18.488. Денеска се евидентираат пет контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 20.849, активни 8.614
• Куманово 3.101, активни 890
• Дебар 418, активни 102
• Штип 2.199, активни 509
• Прилеп 2.180, активни 879
• Тетово 3.181, активни 1032
• Струга 1.097, активни 289
• Велес 1.469, активни 762
• Битола 1.381, активни 731
• Охрид 1.157, активни 486
• Кавадарци 895, активни 404
• Гостивар 1.788, активни 605
• Гевгелија 573, активни 221 (32 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 106 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.379, активни 637
• Крива Паланка 333, активни 104
• Радовиш 344, активни 128
• Крушево 70, активни 39
• Кочани 1.031, активни 320
• Пробиштип 294, активни 94
• Демир Хисар 148, активни 69
• Македонски Брод 131, активни 27
• Пехчево 87, активни 26
• Берово 285, активни 77
• Валандово 142, активни 49
• Виница 287, активни 133
• Делчево 353, активни 168 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 128, активни 82
• Свети Николе 663, активни 195
• Кичево 969, активни 445
• Ресен 349, активни 135
• Неготино 355, активни 236 (32 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.683 теста се преку: ИЈЗ – 692, ЦЈЗ Скопје – 33, „Биотек“ – 46, МАНУ – 130, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 199, „Систина“ со PCR-метода – 311, ЦЈЗ Битола – 38, Инфективна клиника – 6, „Синлаб“ – 207, ЈЗУ (рапид-тест) – 21. Досега во земјата се направени вкупно 293.872 тестирања на Ковид-19.
Според најновите податоци, бројот на активни случаи во скопските општини денеска е следен:
• Чаир – 529
• Гази Баба – 1.216
• Аеродром – 1.294
• Карпош – 1.110
• Центар – 1.083
• Кисела Вода – 1.050
• Ѓорче Петров – 713
• Бутел – 454
• Шуто Оризари – 146
• Студеничани – 41
• Сарај – 118
• Арачиново -27
• Илинден – 212
• Сопиште – 63
• Чучер Сандево – 92
• Петровец – 90
• Зелениково – 55
• Странец – 149
• Нераспределен – 172
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата која што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честиташе за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот кој е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека е горд на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоивме повеќе од 80.000 гласови. Регистриравме субјект кој постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблираше на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите над 80.000 гласови. Искрено сум горд на секој тој еден глас што дојде, како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој освои повеќе 100.000 гласови помалку од Гордана Сиљановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете не да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.
Македонија
ДИК: Сиљановска Давкова освои 324 177, Пендаровски 161 393 гласа по обработени 89,97 отсто
Стево Пендаровски освои 161 393 гласа, 19,90 отсто, Гордана Сиљановска Давкова 324 177 односно 39,97 отсто од гласовите, Стевчо Јакимовски освои 7.499 односно 0,92 отсто од вкупниот број на гласовите.
Кандидатот Бујар Османи освои 110 903, односно 13, 68 отсто, Билјана Ванковска 35.949 односно 4,43 отсто од гласовите, Арбен Таравари 78.110 илјади односно 9,63 отсто, Максим Димитриевски 70,996, односно 8,75 отсто од гласовите се резултатите од обработените 89,97 отсто од гласовите, извести претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Тој додаде дека изборниот процес поминал мирно и достоинствено и смета дека 99 отсто работите поминале како што треба.
Македонија
Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови
„Влен“ е легитимен претставник на Албанците и ги доби гласовите на Албанците, изјави Билал Касами на прес конференција.
„Добитници на овие избори сме ние, коалицијата „Влен“. ДУИ има купено гласови од загрозените гласачи кои имаат потреби од пари. „Влен“ ги доби гласовите на Албанците, вели Касами.
„ДУИ го загуби последниот легитимитет да зборува во име на Албанците, затоа на 8 мај ние ќе победиме. Овој резултат и во мандати не е голема разлика со ДУИ и на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза. ДУИ успеа да ја загуби последната можност, еден кандидат Албанец да биде избран на директни избори во 2024 година. Тие ќе бидат запишани со црни букви во историјата на албанскиот народ во Македонија. Ако биле заинтересирани Албанец да оди во вториот круг сигурно ќе беа координирани со нас и ќе беше возможно да биде избран Албанец. Затоа мислиме дека вредеше оваа борба“, рече Касами.
Тој се заблагодари на сите што го гласаа кандидатот Арбен Таравари и додаде дека ДУИ има изгубено гласови од помалите етнички заедници и од загрозените граѓани.
Таравари кажа дека коалицијата подоцна ќе разговара за тоа кому ќе ги даде гласовите во вториот круг на претседателските избори.