Македонија
Рекордни 594 новозаразени, од компликации со Ковид-19 починаа тројца пациенти
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10, Кавадарци-7, Гостивар-12,Гевгелија-13, Струмица-34, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Кочани-18, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-7, Виница-2, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-17, Ресен-7, Неготино-3 и еден во Кратово.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 162 оздравени пациенти од Скопје-79, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-8, Валандово-3, Свети Николе-7, Кичево-4 и еден од Струга.
Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70), од Прилеп (67) и еден пациент од Богданци (75).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 5.266. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 9.654, активни 2.515
• Куманово 1.957, активни 214
• Дебар 307, активни 48
• Штип 1.433, активни 156
• Прилеп 897, активни 209
• Тетово 1.692, активни 271
• Струга 747, активни 80
• Велес 425, активни 94
• Битола 452, активни 142
• Охрид 506, активни 72
• Кавадарци 304, активни 72
• Гостивар 1.023, активни 94
• Гевгелија 252, активни 128 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 35 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 569, активни 357
• Крива Паланка 175, активни 60
• Радовиш 164, активни 72
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 556, активни 202
• Пробиштип 138, активни 23
• Демир Хисар 66, активни 5
• Македонски Брод 96, активни 2
• Пехчево 52, активни 8
• Берово 159, активни 36
• Валандово 79, активни 48
• Виница 147, активни 46
• Делчево 206, активни 110 (39 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 29, активни 5
• Свети Николе 420, активни 56
• Кичево 404, активни 71
• Ресен 191, активни 28
• Неготино 81, активни 27 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 95. На кислородна поддршка се 65 лица, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, како и една мајка суспектна на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се тројца.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи по скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 109
• Гази Баба – 256
• Аеродром – 505
• Карпош – 417
• Центар – 433
• Кисела Вода – 296
• Ѓорче Петров – 198
• Бутел – 97
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 35
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –13
• Зелениково – 7
• Странец – 11
• Нераспределен- 73
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Таткото на Вања од притвор ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата
Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа, укинат му е притворот и определена е мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.
„Врховниот суд ја извести јавноста дека по одржаната јавна седница, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост“, велат од Врховниот суд.
Претходно денес, бранителот на осомничениот Ѓорчевски, адвокатот Владимир Туфегџиќ, на седницата рече дека решението со кое е продолжена мерката притвор е донесено без доволно образложенија во кои не се наведува ниту еден доказ со кој се докажува зошто овој човек би требало да остане во притвор. Дополни дека осомничениот не може да се даде во бегство затоа што важноста на патната исправа му истекла и дека тој активно учествува во истрагата.
Ѓорѓиевски истакна дека е обвинуван за некои работи кои и ден денес не ги разбира.
„Бев прикажувани екстремно спротивно од тоа што сум како родител и татко. Сакам и јас да знам што точно се случува затоа што и јас водев истрага, знам парченца од тие делови. Би сакал да го дочекам моментот кога ќе го дознам идентитетот на тие луѓе, сите се подеднакво криви“, рече тој.
Македонија
Висок функционер од НАТО се сретна со Џафери: „Вие сте ценета членка во Алијансата“
Џафери – Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети
Техничкиот премиер, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.
Џафери му посака срдечно добредојде на помошникот на генералниот секретар Лапсли, и воедно го потврди придонесот на Северна Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува. Достигнувањето на 2,05% од БДП во буџетот на одбраната, од кои 30% се за модернизација на Армијата, се силен индикатор за тој придонес.
Воедно, со учеството во колективната безбедност преку мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, како и во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, земјата дополнително се позиционираше и како еден од столбовите на регионалната стабилност.
На средбата, двете делегации имаа можност да поразговараат за Самитот на НАТО во Вашингтон во духот на 75-годишнината на Алијансата, како и за актуелните одбранбени планови, имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба во Европа и светот.
Воедно, двете делегации ја потврдија и поддршката која земјите-членки, вклучително и Северна Македонија, ја даваат за Украина.
Од страна на помошникот на генералниот секретар Лапсли, беше истакнато дека Северна Македонија е ценета членка во Алијансата, имајќи го предвид целокупниот придонес кој досега го има дадено. Алијансата е по обединета и посилна од кога било во нејзината историја, а со зачленувањето на Финска и Шведска, НАТО станува гарант на безбедноста на над 1 милијарда граѓани од демократскиот свет.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.