Македонија
Речиси 90 отсто од заболените со Ковид-19 во земјава се излекувале во домашни услови
Од случаите кои се водат како оздравени од Ковид-19 во земјава, над 87 отсто биле на домашно лекување, додека останатите, околу 13 отсто биле хоспитализирани, говорат податоците на Министерството за здравство.
Заклучно со денешниот ден, во земјава има 1079 излечени од коронавирусот. На прашањето на „Макфакс“, колку од нив биле излечени во домашни услови, а колку во болнички, од Министерството одговорија дека 193 од овие пациенти претходно биле хоспитализирани, додека останатите 864 биле на домашно лекување.
Во врска со предлозите за отворањето на границите во регионот, нешто за што требаше да се дискутура на состанокот на Светската здравствена организација и на вчерашниот Европски самит, од Министерството за здравство велат дека нема унифициран предлог за отворањето на границите со соседите.
„Унифицирани предлози постојат за протоколи и процедури кои ќе треба меѓународно да се почитуваат и имплементираат, но не и времски во однос на отворањето кое ќе зависи од степенот на раширеноста на вирсуот во различни земји и стадиумот во кој се наоѓа земјата. За ова дополнително ќе се дискутира“, велат од Министерството.
Иако во јавноста веќе се шпекулира дека вонредната состојба во земјава ќе биде укината кон крајот на наредната недела, а кафулињата и рестораните се подготвуваат за работа, од Министерството велат дека се уште се вршат анализи кога ќе дојде до ново попуштање на мерките.
„Рестриктивните мерки се уште не се омекнати, голем дел од земјите немаа воопшто толку рестриктивни мерки како Северна Македонија и истите ги попуштија. Сеуште имаме полициски час и забрана за работа за голем дел индустрии како и мерки за лична заштита. Во моментов сеуште се анализира кога точно ќе дојде до ново попуштање. Тоа нема да се направи додека не сме сигурни дека состојбата е стабилизирана. Секако, мерките се такви да може да се попуштаат и затегаат согласно развојот на состојбата и ширењето на вирусот. Доколку дојде до нов пик повторно ќе се воведат поретстриктивни мерки. Ова ќе биде пракасата на сите држави, па така и на нашата“, велат од Министерството.
Во текот на последниве 24 часа регистрирани беа поголем број заразени лица од Ковид-19 во земјава, 33, па со оглед на периодот, се претпоставува дека станува збор за новозаразени кои биле во близок контакт за време на велигденските и првомајските празници.
Пораст на бројот на заразени во последниве денови се бележи во Велес, каде во последните три дена има 18 заболени, со што вкупниот број инфицирани од Ковид-19 изнесува 94.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука