Македонија
Ристовски: Катица Јанева и Фатиме Фетаи продолжуваат да прават циркуз од себе
Специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи со своето непознавање на правото и недоличното однесување се срам за целокупниот правосуден систем во Република Македонија, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Правната инфериорност и немањето докази доведоа до нова хистерична епизода на Јанева и Фетаи во која специјалните обвинителки наместо да го водат случајот решија да го блокираат. Ваквото недолично однесување и непочит на Јанева и Фетаи и конечно СЈО кон Судот во Република Македонија е уште едно парче во мозаикот во кој се добива целата слика на Специјалното јавно обвинителство“, рече Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој појасни дека заканите преку лични навреди до судијата на Јанева, Фетаи и СЈО се идентични како и заканите на Зоран Заев кој на сите судии кои не судат по негова волја им вети дека ќе бидат сменети ако тој дојде на власт.
„Уште еднаш целата правна фела беше засрамена од непознавањето на законите и процедурите од страна на Јанева и Фетаи. Ова не е ништо ново имајќи предвид дека истите луѓе покажувајќи нула правна логика, етика, морал и интегритет го ослободија Зоран Верушевски и по вторпат го аболицираа Зоран Заев. Исто така, СЈО не процесуира ниту еден случај против член на СДСМ и служи за заплашување на сите кои му стојат на патот на Заев или се двоумат во извршувањето на неговите антидржавни и криминални наредби. СЈО не се бори против криминалот, туку се бори исклучиво против ВМРО-ДПМНЕ рамо до рамо со аболицираниот криминалец Зоран Заев“, додаде Ристовски.
Прес-конференцијата на Ристовски доаѓа по денешното рочиште за настаните во Општина Центар во 2013 година, во која осомничен е лидерот на оваа партија Никола Груевски, каде обвинителките неколкупати ја обвинија судијката дека го крши законот, а за тоа беа казнети со по 2.000 евра заради непочитување на судот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот
Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
Како што појасни, на едното бил изгубен печатот. На останатите две, биле направени обиди да се замени уредот за биометриска верификација, пришто гласањето во едниот случај продолжило па прекинало, а во вториот не продолжило.
„Тоа се трите места за коишто имаме добиено писмено известување. Ќе видиме вечер за што точно се работи и ќе одлучиме“, рече Даштевски, одговарајќи на новинарски прашања.
Од ДИК појаснуваат дека се работи за прекин за повеќе од три часа, додека онаму каде што имало помали прекини, гласањето ќе се продолжи за онолку време колку што било прекинато.
На сите останати гласачки места, гласањето тече нормално и мирно, додаваат.
Пред полноќ се очекува да бидат обработени над 50 отсто од гласовите и ДИК да ги објави првичните неофицијани резултати.
Во однос на информациите за починати луѓе на избирачкиот список од ДИК обазложија дека оние коишто ќе починат 30 дена пред гласњето ги има на избирачкиот список, бидејќи тој е веќе заклучен. Велат дека списокот се ажурира неколкупати годишно во координација со Управа за водење на матични книги.
Македонија
Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори
До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.
Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто.
Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно.
Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9 отсто.
Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како неуредни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.
Македонија
Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати
Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки ливчиња додека го остварувале своето право на глас, објави МВР.
-Во 11.10 часот е пријавено дека во село Коџалија, општина Радовиш на избирачко место број 1602 С.А. од с.Коџалија го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека на избирачко место број 2683/1 во Скопје А.С. (40) од Скопје го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Околу 12.15 часот е пријавено дека А.И.(48) од Охрид на избирачко место број 1271 во Охрид го фотографирал гласачкото ливче. А.И. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 12.35 часот е пријавено дека на избирачко место бр.0006 во Берово, Д.Т.(42) го фотографирал гласачкото ливче. Д.Т. е приведен во полициска станица и по документирање на на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Во 13.57 часот е пријавено дека на избирачко место 2555 во Скопје С.С. го фотографирала гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во извештајот на МВР.