Македонија
РСБСП: Возачите да си ја исполнат својата законска обврска за користење зимска опрема наместо да ги решаваат проблемите со изговори
Сообраќајните незгоди и трагедиите што секојдневно во голем број се случуваат на патиштата во земјата како да не се доволни за да се разбудат свеста и одговорноста кај сите возачи, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и додаваат дека, за жал, и покрај тоа што временските услови од ден на ден сѐ повеќе се влошуваат, што е нормално и очекувано за овој период од годината, сепак, голем број возачи не ја почитуваат законската обврска за носење и користење зимска опрема.
Влажни и замрзнати коловози, поледица, голомразица, остатоци од кашест снег на коловозот, ниски температури, обилни и помалку обилни врнежи од снег е реалноста во зима, а временските услови и состојбата на патиштата се сосема нормални и очекувани, велат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и додаваат дека обврска на секој возач е да го подготви возилото и да се подготви за безбедно учество во сообраќајот.
„’Тешка сообраќајна незгода. Возило излетало од патот поради поголема брзина и лизгав коловоз’, ‘Заглавени возила на патот. Голем дел од возачите не користеле зимска опрема’, ‘Голем број изречени казни за неносење зимска опрема’ – се најчестите вести во делот на сообраќајната хроника што секојднево се објавуваат на електронските и на печатените медиуми во зимскиот период од годината. Но, наместо да се извлече поука и да се преземат конкретни дејства, голем број возачи поминуваат покрај оваа вест како нешто сосема нормално. Ништо ново и ништо страшно, што би рекле самите тие. И покрај тоа, голем број возачи, наместо да ја исполнат својата законска обврска за носење и за користење зимска опрема, избираат да го решат проблемот со изговори“, се наведува во соопштенеито на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Па, оттука, РСБСП преку своето соопштение упати препорака до сите возачи: „Без изговори и без оправдувања. Крајно време е да се направи зимска подготовка на возилото. Користи зимска опрема и учествувај безбедно во сообраќајот. Изговорите не ги решаваат проблемите и не ги отстрануват опасностите“.
Оттаму додаваат дека треба секој да ја исполни својата законска обврска пред да биде доцна и да се избегнат катастрофални последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Постојниот простор на СВР Охрид ќе се стави во функција на градот, надземно ќе биде убав парк, а подземно катна гаража
„Денеска на покана на министерот и градоначалникот сум во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој тие двајца го најавија дека тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните.
Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и ценам дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават. Еден од тие проекти е овој овдека.
Така што уште еднаш од мене голема благодарност и до министерот и до градоначалникот на поканата. Очекувам вакви и слични проекти и во иднина во други области во Македонија“, изјави Мицкоски.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Апел за помош за малиот Војдан
„Почитувани, ви се обраќам како очајна мајка на Војдан, кој е дете со церебрална парализа. Војдан е предвремено родено дете, кој е борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден ги помина во инкубатор, на респиратор, со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа. Господ повторно ни го зададе најголемиот удар, на Војдан му дијагностицираа Церебрална парализа. 8 месеци ги поминавме по болничките лавиринти во нашата држава, со што немаше значителен напредок. Од негови 11 месеци, одиме на рехабилитација во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по една недела. Војдан има сериозен напредок во неговата битка, која продолжува и од кога ќе се вратиме дома. Секојдневно има физикална терапија, со што јас како родител сум обучена да работам со него, дефектолошки и логопетски третман одиме на приватно. Фондот за здравство не ни го признава лекувањето на Војдан, па цели овие години одиме со помош на нашиот хуман народ. Како мајка на која единствена желба и е здравјето на нејзиното дете, уште еднаш и до бескрај ги молам сите хумани граѓани кој се во можност да ни помогнат за Војдан да излезе како победник во битката“.
Информации околу кампањата за собирање на донации имате тука