Македонија
РСБСП: Да возиш пијан, значи дека не го почитуваш човечкиот живот
Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вели дека возачот не смее да управува со возило во сообраќај на пат, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и додаваат дека толеранцијата на алкохол за возач почетник е приближно еднаква на нула.
Казнените санкции, во зависност од количината на алкохол во крвта, изнесуваат до 375 евра во денарска противвредност, односно до 60 негативни бода во возачката книшка, од максимум 100 и забрана за управување возило до 12 месеци, потсетуваа од РСБСП, велат законот е прецизен и јасен.
„Некои сметаат дека казните се високи и нереални. Други дека треба да бидат уште повисоки. Анкетното истражување на РСБСП покажува дека 85 % од возачите барем еднаш во животот возеле под дејство на алкохол. Реалноста е сурова и загрижувачка: секојдневно голем број сообраќајни незгоди се предизвикани од пијани возачи.
Зошто е тоа така? Затоа што возачите не ја сфаќаат сериозноста на проблемот и постојано бараат изговори како да го оправдат своето неразумно и непромислено однесување во сообраќајот и со тоа да ја помираат својата совест.
Управувањето со моторно возило под дејство на алкохол е чин што нема никаква смисла и логика за оправдување. Да се вози под дејство на алкохол не само што значи непочитување на Законот, туку и непочитување на основните хумани и цивилизациски вредности. Да возиш пијан значи дека не го почитуваш сопствениот живот, дека не ги почитуваш животот и здравјето на твоите најблиски, дека не го почитуваш човечкиот живот, без разлика за кој човек станува збор.
Судејќи според последиците, можеме да кажеме дека возењето пијан е исто како да насочиш оружје кон недолжен случаен минувач“, велат РСБСП.
Оттаму додаваат дека речиси нема возач кој не е свесен за штетното влијание на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило.
„Истражувањата на РСБСП покажуваат дека дури 85% од возачите во Република Македонија барем еднаш управувале моторно возило под дејство на алкохол.
Па така, во обид да се помират самите со себе и делумно да ја помират својата совест, неодговорните возачи честопати наоѓаат изговори. Еден вели: „Сум возел и друг пат малку пијан, па ништо не ми се случи.“ Друг вели: „Мене алкохолот не ми влијае, можам да возам и пијан.“ Трет вели: „Од две-три пијачки не си пијан, можеш да возиш без никој да те забележи.“ Четврт вели: „Еднаш ако возиш пијан, не значи дека веднаш ќе направиш сообраќајна незгода.“ Вакви изговори, такви изговори и на крај 85 % од возачите барем еднаш управувале моторно возило под дејство на алкохол“, стои во соопштението на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секогаш и секаде и тоа кога најмалку очекувате, посочува РСБСП и додава дека ниеден настрадан во сообраќајна незгода не ни сонувал дека баш него може да му се случи тоа.
Истражувањата покажуваат дека најголем број од сообраќајните незгоди во кои учествуваат пијани возачи завршуваат со сериозни и фатални последици. Најголем број од возачите кои возеле под дејство на алкохол патувале на кратко растојание до 20 километри. Впрочем, сигурно дека никој под дејство на алкохол нема да тргне на пат од 1 000 километри, велат од РСБСП во нивното соопштение.
Изговорите велат едно, статистиката покажува друго, додаваат оттаму, истакнувајќи го ставот на РСБСП: „Само една грешка, само еднаш, ама последиците се за секогаш, тие не прават разлика. Тие се фатални, трајни ненадоместливи, без можност за поправка, без можност за оправдување. Затоа, без изговори и без оправдувања. Пијан зад воланот, апсолутно никогаш“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласа, односно 0,90 %. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателската кандидатура зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласа, а во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Силјановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
Стевчо има повеќе квадрати во една општина свои отколку гласови
— БУГАРСКИ ПАСОШ🇲🇰 (@NemamBgPasos) April 24, 2024
Стевчо им се заблагодари на сите коишто гласаа за него… поединечно
— Dimano (@dimanovski) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на „Фејсбук“.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како крал на местенките во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди, како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгоевиќ, „Бјело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и многубројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.